Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Силјановска-Давкова: Јас ќе бидам една од оние која ќе ги менува работите во државата
Македонија

Силјановска-Давкова: Јас ќе бидам една од оние која ќе ги менува работите во државата

07/04/2024

AA

Знам дека Уставот е зрел за промени и мислам дека е крајно време една одговорна власт да направи широко експертско тело што ќе ги утврди проблемите во него. Има работи што треба да се сменат за да имаме стабилна и функционална држава, силни институции и слаби поединци, зошто инаку загрозена е демократијата. Јас би требало да бидам една од оние која ќе ги менува работите, истакна вечерва кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова на претставувањето на својата предизборна програма пред граѓаните на Кочани.

-Јас нема да се оттуѓам од вас, нема да бегам од вас, туку ќе бидам меѓу вас и ќе ги вратам народните канцеларии за да бидеме во постојана комуникација. Не за да бидам адвокат или ваш судија, туку за да се обратам пред Парламентот, предочувајќи ги вашите проблеми и интереси и барајќи законски решенија и одлуки за да ви го разубават животот, оти се срамам да кажам дека припаѓам на најнесреќниот народ во Македонија. Повеќепати ќе ги молам пратениците уште еднаш да размислат, ќе ги потсетувам на Уставот и законите, а ако треба и ќе употребам вето на оние закони што се спротивни на Уставот и законот и ќе замолам за разбирање дека не го правам тоа од суета, туку го правам заради ранливите категории, заради тоа што политиката мора повторно да стане уметност на барање на заеднички решенија, да стане јавна работа, а не валкана работа., истакна Силјановска Давкова.

Зборувајќи за поделбата на власта, таа нагласи дека судството мора да биде независно за да ги брани слободите и правата, рамноправноста и еднаквоста што се предвидени Уставот, а дека ќе се залага за преиспитување на статусот на македонските амбасадори во странство.

-Меѓу нив има такви со дигнитет што направиле кариера и одговорно го штитат угледот и гордоста на Македонија, а други има што нè срамат. Крајно време е само најдобрите да одат надвор, ама крајно време е и претседателот, претседателката да не оди надвор без прво дома да договори државнички политика која ќе ја штити Македонија, која ќе ги штити нејзините национални интереси, зошто инаку како вејка ќе бидеме надвор. На највисоките позиции да се најдат најстручните и најкомпетентните, а претседателот да посегне по помилувања тогаш кога ќе ја брани правдата, да дели награди и признанија таму каде што има основ и на тоа да се надоврзе и одговорна влада која ќе соработува со претседателот, но и ќе ја трпи неговата критика, да се концентрираме на она што е наша предност, наш приоритет, наше богатство – културата, уметноста, спортот, образованието. Горда сум кога ќе чујам од колеги однадвор дека во Академијата седат и луѓе кои влегуваат во еден процент најуспешни во физиката или во хемијата во една мала држава. Значи, малото е убаво, може да биде прекрасно, може да биде гордо, додаде Силјановска Давкова.

Пред присутните на собирот во Кочани се обрати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој нагласи дека Силјановска Давкова како пратеничка докажала како се бранат националните интереси, потсетувајќи дека таа во минатото била и дел до европските институции, како Советот на Европа, Венецијанската комисија, каде инспирирала политичари и професори кои доаѓале од поразвиени демократии.

Претставување на предизборната програма на Силјановска Давкова претходно имаше и пред граѓаните на општините Зрновци и Виница.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски

30/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ЕВРОПСКИТЕ РЕФОРМИ Левков вели дека актуелниот парламентарен

30/09/2026
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски во Брисел за големите инфраструктурни

30/09/2026

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е во дводневна работна посета на Брисел, каде што учествува на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy