Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Си даде ли автогол естаблишментот во Брисел? Руска нафта и покрај забраните легално се продава во 20 држави на ЕУ!
Економија

Си даде ли автогол естаблишментот во Брисел? Руска нафта и покрај забраните легално се продава во 20 држави на ЕУ!

17/01/2024

AA

Руска нафта со индиска етикета наголемо се увезува и троши во 20 држави членки на ЕУ. Единствена разлика е тоа што сега се плаќа поскапо од претходно зашто наместо да се купува директно од Русија се купува од Индија, утврдил британскиот весник „Индипендент“

Руската нафта без престан завршува на пазарите на барем 20 држави членки на Европската унија. И покрај бројните пакети санкции и забрани за руски стоки кои во повеќе наврати ги носеше бирократијата со седиште во Брисел руската сурова нафта сепак без проблеми завршува на европскиот пазар, тврди британскиот весник „Индепендент“.

Според нивното истражување, Индија е најголемиот добитник од оваа ситуација затоа што нашла начин во 2023 година да го зголеми за 115 отсто својот извоз на нафтени деривати во земјите членки на ЕУ. Поточно низ бројки: од 111.000 барели просечно дневно во 2022 година индискиот увоз на нафтени деривати во ЕУ лани нараснал на 231.800 барели просечно дневно.

Истовремено лани Индија направи рекорден увоз на сурова нафта од Русија. Според достапни јавни податоци Индија го зголемила увозот на сурова руска нафта за 140 отсто лани во споредба со 2022 година. Изразено со бројки Индија просечно дневно од Русија увезувала 1,75 милиони барели сурова нафта.

И тука естаблишментот од Брисел и заврши голема работа на Индија. Европските санкции за увоз на руска сурова нафта значајно ја подобрија преговарачката позиција на Индија со руските државни нафтени компании. Индија доби повеќе сурова нафта по пониска увозна цена. Главна дестинација за руската нафта во Индија е рафинеријата „Јамнагар“ во заливот Куч на западниот брег. Според сопствениците на тој капацитет, како што пренесува „Индепендент“, таму се слевале просечно дневно 400.000 барели руска сурова нафта. Тоа е 34 отсто од целата нафта која се преработувала во 2023 година во таа рафинерија. А 30 отсто од извозот на таа индиска рафинерија завршувал во земјите членки на Европската унија.

Тоа значи дека барем една третина индискиот извоз е всушност руска нафта која и покрај санкциите естаблишментот предводен од Урсула Фон Дер Лајн цела 2023 година стигнувала и се трошела на европскиот пазар. Од тоа добро заработила Индија, а и Путин имал прилив на средства од кои дел сигурно завршиле и за потребите на воената агресија врз Украина.

Така во 2023 година индискиот извоз на нафтени деривати произведени во одредена мерка од руска нафта достигнал рекордни 231.800 барели дневно и тоа е многу повеќе од 111.000 барели дневно увезени од Индија во 2022 година.

А цените по кои европските државјани ги плаќале нафтените деривати од Индија биле повисоки од тие во 2022 година.

Според „Индепендент“ најголем увозник на индиска (поточно руска) нафта била Холандија кај која завршил 24 отсто од целиот индиски извоз. Следи Франција која конзумирала 23 отсто од целата индиска увезена нафта, а Романија во увозот учествувала со 12 отсто. Шпанија превзела 11 отсто од индискиот увоз, а Германија и Белгија – земјата од која и потекнува Урсула Фон Дер Лајн купиле по 7 отсто од сите увезени количества нафтени деривати од Индија. Другите 16 отсто од индискиот извоз си го поделиле други 14 држави од европскиот сојуз. 

Извори: https://www.independent.co.uk/news/world/europe/russia-oil-europe-india-ukraine-war-b2477443.html

‘Europe bought Russian oil via India at record rates in 2023 despite Ukraine war’ – Times of India

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy