Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сијарто од Скопје упати критики кон ЕУ: Западен Балкан чека со децении!
Македонија

Сијарто од Скопје упати критики кон ЕУ: Западен Балкан чека со децении!

13/06/2025

AA

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, денеска од Скопје упати остра критика кон Европската Унија, истакнувајќи дека иако јавно зборува за поддршка на проширувањето кон Западен Балкан, зад затворени врати само мал дел од земјите-членки навистина ја поддржуваат таа идеја.

„Ако беа искрени во намерата да нè примат, немаше да чекаме 20 години“, рече Сијарто на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Тимчо Муцунски.

Тој додаде дека иако Бугарија отворено го попречува европскиот пат на Северна Македонија, тоа не е единствената пречка.

„Ситуацијата е многу потешка – вистинскиот проблем е што државите кои искрено го поддржуваат проширувањето се малцинство во ЕУ“, нагласи Сијарто.

Унгарскиот министер истакна дека Будимпешта вложува напори за забрзување на процесот на интеграција, особено за време на унгарското претседателство со ЕУ, но постојано се соочува со отпор од земји кои, според него, само декларативно го поддржуваат проширувањето.

„Кога доаѓаат кај вас, зборуваат убаво. Но, кога сме зад затворени врати, веднаш се појавуваат аргументи против проширувањето“, рече Сијарто.

Сијарто го критикуваше и односот на Брисел кон Украина, укажувајќи дека нејзиното брзо зачленување се турка по политичка линија, додека земјите од Западен Балкан со децении чекаат.

„Не мислам дека некој со здрав разум може да каже дека Украина е во подобра општа состојба од која било земја од Западен Балкан“, додаде тој.

Според него, евентуалното брзо вклучување на Украина во ЕУ може да предизвика сериозни економски и безбедносни ризици, меѓу кои и влез на организиран криминал, увоз на неквалитетни производи, како и злоупотреба на европските фондови.

Унгарскиот министер посочи и на проблемот со унгарското малцинство во Украина, за кое, според него, постојано се кршат основните човекови права, што е спротивно на европските вредности.

„Додека се ограничуваат правата на малцинствата, се зборува за европски вредности. Тоа е неприфатливо“, рече Сијарто, нагласувајќи дека Унгарија останува цврст поддржувач на интеграцијата на земјите од Западен Балкан, но не и на брзото зачленување на Украина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy