Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бислимоски: Ескалацијата на Блискиот Исток ќе влијае врз цената на нафтата во Македонија
Македонија

Бислимоски: Ескалацијата на Блискиот Исток ќе влијае врз цената на нафтата во Македонија

13/06/2025

AA

Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран веќе се одразува на светските берзи, а ефектите ќе се почувствуваат и во Македонија, предупредува претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски. Според него, првичните цени на бренд нафтата утринава се зголемени за шест до седум долари, достигнувајќи 78 долари за барел, што е прв ваков скок по неколку месеци стабилни цени.

– Апсолутно ќе има влијанија. Ќе видиме како ќе се одрази во следните денови. За следната недела не очекувам драстични промени при носењето на одлуката за цените, но доколку трендот на високи цени продолжи, ќе има влијание и врз цените што ги плаќаат граѓаните во Македонија – изјави Бислимоски од Охрид, каде учествуваше на меѓународната конференција „Иднината на комуналниот сектор“.

Тој изрази надеж дека актуелниот скок е само краткорочен пик, слично како при почетокот на војната во Украина, кога цената на дизелот достигна 110 долари за барел, но подоцна се стабилизира.

– Се надеваме дека ова ќе биде само еден пик. Како што се случи со Украина, и тогаш имаше зголемување, па цените се стабилизираа меѓу 65 и 68 долари. Овој пат утрово е 78 долари – додаде тој.

Во однос на другите производи, Бислимоски не очекува значајни поскапувања, но потсети дека поранешното зголемување на цените на нафтата предизвикало ланец на поскапувања што не биле коригирани со последователното намалување на цените на дериватите.

– Денеска дизелот е 66-67 денари, но производите кои поскапеа кога беше 110 долари не се вратија на старите цени. Затоа не верувам дека сегашната состојба ќе има драматично влијание врз останатите производи во земјава – заклучи првиот човек на РКЕ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ибвинителството денеска ќе ја соопшти одлуката за истрагата за 19-те

20/08/2026
Македонија

Пожар кај Никуштак детектиран со смарт-камерите на ЦУК

20/08/2026
Македонија

Од патарина до крај на јуни инкасирани над 31 милион

20/08/2026
Македонија

Повторно лажни СМС испратени од МВР: Никако да не се

19/08/2026
Македонија

МВР: Започна примената на системот и за странските возила на

19/08/2026
Македонија

Телевизиите во Македонија најважните спортски натпревари ќе мора да ги

19/08/2026
Македонија

„Кога гори македонска земја, нема граници“: Хероите на градот тргнаа

19/08/2026
Македонија

Ниту еден македонски универзитет меѓу 1.000 најдобри во светот

19/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45128
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ибвинителството денеска ќе ја соопшти одлуката за истрагата за 19-те модуларни болници

20/08/2026

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска ќе одржи брифинг во врска со одлуката поврзана со

Пожар кај Никуштак детектиран со смарт-камерите на ЦУК

20/08/2026

Системот за рана детекција на шумски пожари со смарт-камери на Центарот за управување со кризи (ЦУК) навреме детектирал пожар во

Од патарина до крај на јуни инкасирани над 31 милион евра

20/08/2026

Од почетокот на годинава заклучно со јуни, од наплата на патарина во државата се инкасирани рекордни 1.919.775.277 денари (над 31

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy