Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сиљановска-Давкова во Венеција: „Венецијанската комисија е жива совест на уставната демократија“
Македонија

Сиљановска-Давкова во Венеција: „Венецијанската комисија е жива совест на уставната демократија“

11/10/2025

AA

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Венеција се обрати на свеченото одбележување на 35-годишнината од основањето на Европската комисија за демократија преку право (Венецијанската комисија), советодавно тело на Советот на Европа.

За претседателката одбележувањето на 35-годишнината, не е само свечен чин, туку нејзино враќање дома, како професорка по уставно право, поранешна членка на комисијата и како претседателка на држава којашто во сложениот процес на демократска транзиција и консолидација добила помош од Венецијанската Комисија.

Таа се заблагодари за укажаната доверба и самата да учествува во обликувањето на демократските приказни на земјите од Централна и Источна Европа.

Според неа, независноста, експертизата и човечноста во работата, ја прават комисијата уникатно тело, коешто не е само збир на правни умови, туку и жива совест на уставната демократија.

За претседателката, најсилната страна на Комисијата била и е способноста да гради мостови меѓу истокот и западот, северот и југот, меѓу теоријата и праксата, меѓу правото и самиот живот.

На еминентниот собир, во присуство на претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела, обраќања имаа претседателката на Република Молдавија, Маја Санду, генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, претседателката на Венецијанската комисија, Клер Бази Малори  и потпретседателот на Советот на министри и министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Антонио Тајани. За лекциите од транзициите, актуелните предизвици од назадувањето и нашата заложба за иднината говореа Егилс Левиц, поранешен претседател на Република Латвија,  Клифтон Грима, министер за образование, спорт, млади, истражување и иновации на Малта, во име на претседавањето на Малта со Комитетот на министри на Советот на Европа, Теодорос Русопулос, претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Марк Кулс, претседател на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа, Ивана Јелиќ, потпретседалка на ЕСЧП и Мајкл О’Флаерти, комесар за човекови права на Советот на Европа. Воведно обраќање имаше  градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мицкоски: Настаните за 35 години независност ги чинеле граѓаните и

09/09/2026
Македонија

Мицкоски: Нема да има поскапување на струјата, ќе се обидеме

09/09/2026
Македонија

464 инспекциски контроли за една недела, изречени глоби од над

09/09/2026
Македонија

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

09/09/2026
Македонија

Пет активни пожари низ Македонија, четири се под контрола

09/09/2026
Македонија

Тошковски: „Безбеден град“ не е само за казнување, туку за

09/09/2026
Македонија

Судот го одложи судењето за „Лотарија“ по спроведувањето на Бајрами

09/09/2026
Македонија

ОЈО: Бајрами веќе е во притвор, против него се водат

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45587
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мицкоски: Настаните за 35 години независност ги чинеле граѓаните и буџетот нула денари

09/09/2026

Нула денари од државниот буџет, според премиерот Христијан Мицкоски, биле потрошени за организацијата на бројните настани со кои годинава беше

Мицкоски: Нема да има поскапување на струјата, ќе се обидеме и да ја поевтиниме

09/09/2026

Цената на електричната енергија за домаќинствата би можела да остане на сегашното ниво, а постои можност и за нејзино намалување,

464 инспекциски контроли за една недела, изречени глоби од над 2 милиони денари

09/09/2026

Инспекциските служби во периодот од 31 август до 6 септември спровеле вкупно 464 надзори на територијата на Македонија, при што

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy