Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сиљановска-Давкова од Дубаи: Образованието е триалог меѓу наставникот, ученикот и вештачката интелигенција
Македонија

Сиљановска-Давкова од Дубаи: Образованието е триалог меѓу наставникот, ученикот и вештачката интелигенција

02/02/2026

AA

Промената во светот налага итна трансформација на образованието и согледување на реалноста низ очите на новите дигитални генерации, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во своето обраќање на Светскиот самит на лауреати во Дубаи. Пред собир од 150 еминентни научници и нобеловци, таа истакна дека во ерата на Четвртата индустриска револуција, досегашниот линеарен модел на учење е веќе минато.

Според претседателката, вештачката интелигенција (ВИ) веќе не е само додаток, туку клучен фактор кој го претвора образовниот процес во специфичен триалог.

„Вештачката интелигенција е дел од новиот модел на образование. Таа не може и не треба да биде забранета, но мора да биде регулирана бидејќи носи ризици како што е зависноста. Таа мора да биде алатка, а не господар“, истакна Сиљановска-Давкова, додавајќи дека фокусот мора да се префрли од меморирање факти кон критичко и креативно размислување.

Таа посочи на јазот меѓу „аналогното раководство“ и дигиталните генерации Y и Z, кои наместо физички библиотеки, ја користат глобалната база на знаење од своите џебови. Претседателката предупреди дека ако ВИ не познава подобро од самите нас, образованието мора да се насочи кон она што на машините им недостасува – емоционалната интелигенција, менталната стабилност и етичкото расудување.

Зборувајќи за македонскиот образовен систем, Сиљановска-Давкова призна дека тој сè уште функционира според стари парадигми кои резултираат со ниски ПИСА резултати, но нагласи дека Македонија поседува сериозен научен потенцијал.

„Во науката нема мали и големи држави, туку само мали и големи идеи. Имаме физичари и хемичари меѓу најцитираните во светот и жени во STEM кои ги надминуваат европските просеци. Но, за промена на парадигмата ни треба глобална поддршка и соработка. Нашите универзитети и МАНУ се отворени за истражувачки проекти од кои сите би имале корист“, заклучи претседателката.

Таа повика на глобален консензус за ВИ, инсистирајќи таа да биде транспарентна, фер и секогаш водена од човекот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Глетката беше страшна, затекнавме тело на столче со прстите на

05/02/2026
Македонија

АЛТЕРНАТИВИТЕ БЕЗ ЧАД НЕ ВЛИЈААТ ВРЗ КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ ВО

05/02/2026
Македонија

Објавена петиција: Граѓаните бараат забрана на социјални мрежи за деца

05/02/2026
Македонија

Повлечено обвинението против Цветан Панделески во „Империја“

05/02/2026
Македонија

Пожарникарот Благој Паунов сведочеше како се одвивала спасувачката акција во

05/02/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕДЕ ДВЕ ВОЗИЛА ОД ДВАЈЦА ВОЗАЧИ ОД ОХРИД Предизвикаа

05/02/2026
Македонија

Облачно со повремен дожд, засилен ветер во западните делови

05/02/2026
Македонија

Мајката на загинатиот Томас тврди: Братот на газда Деко од

05/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41062
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Глетката беше страшна, затекнавме тело на столче со прстите на маса, друго потпрено на столб“,

05/02/2026

Судскиот процес за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ продолжи со сведочењето на Драган Апостолов, командир на противпожарната единица во Кочани.

АЛТЕРНАТИВИТЕ БЕЗ ЧАД НЕ ВЛИЈААТ ВРЗ КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ ВО ЗАТВОРЕН ПРОСТОР Научни истражувања ја

05/02/2026

Користењето на алтернативни тутунски производи во затворен простор не влијае врз квалитетот на воздухот внатре, за разлика од користењето на

Објавена петиција: Граѓаните бараат забрана на социјални мрежи за деца до 12 години!

05/02/2026

Граѓанската иницијатива „Иницијатива за безбедно детство“, составена од родители, едукатори и стручни лица, упатува итен апел до јавноста и институциите

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy