Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мајката на загинатиот Томас тврди: Братот на газда Деко од затворот во Скопје координира влијание врз сведоци во случајот „Пулс“
Македонија

Мајката на загинатиот Томас тврди: Братот на газда Деко од затворот во Скопје координира влијание врз сведоци во случајот „Пулс“

05/02/2026

AA

Во атмосфера на тензии и силни емоции, пред стартот на денешното судско рочиште за предметот „Пулс“, семејствата на загинатите јавно алармираа за, како што тврдат, сериозни обиди за влијание врз сведоци во постапката.

Јулија Златкова, мајка на Томас Златков кој го загуби животот кобната ноќ во дискотеката „Пулс“, изнесе обвинувања дека располагаат со информации за можни притисоци врз сведоци на Обвинителството. Според нејзините наводи, лицето Ј.Ј., кое се наоѓа во притвор во скопскиот затвор, му овозможувало користење мобилен телефон на Тодор Јованов, брат на обвинетиот, преку кој наводно се остварувала Вибер-комуникација со сведоци.

Златкова јавно побара од надлежните институции итно да ги проверат овие тврдења и темелно да се испитаат сите комуникации поврзани со наведениот телефон.

Таа потенцира дека трагедијата во „Пулс“ претставува, како што вели, „геноцид врз една млада генерација“, предизвикан од алчност, корупција и несовесно работење, и предупредува дека и по катастрофалниот настан, според нив, постојат обиди за прикривање и влијание врз судската постапка.

„Ние, родителите на убиените деца, нема да дозволиме вистината да се сокрие. Вистината мора да излезе на виделина и мора да има правда за нашите деца“, порача Златкова пред почетокот на денешното рочиште.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026
Македонија

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026
Македонија

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360

31/07/2026
Македонија

Не отворајте порака од државниот ревизор: хакери нудат лажни „проекти“

31/07/2026
Македонија

Жештините продолжуваат: Температурите над 40 степени во делови од земјава

31/07/2026
Македонија

Стан во Центар продаден за 168.000 евра: Расте активноста на

31/07/2026
Македонија

Анализите на водата кај Лепенец не покажале надминување на дозволените

31/07/2026
Македонија

Забрана за користење вода за пиење од шест водоснабдителни објекти

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44788
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026

Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија, поради зголемениот ризик од пожари

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема најава за укинување на вториот пензиски столб. „Кој најавил дека ќе се укине

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360 евра

31/07/2026

Пазарот на недвижности во Македонија продолжува со засилена активност. Во вториот квартал од 2026 година е забележан раст и на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy