Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Глетката беше страшна, затекнавме тело на столче со прстите на маса, друго потпрено на столб“, сведочи пожарникар!
Македонија

„Глетката беше страшна, затекнавме тело на столче со прстите на маса, друго потпрено на столб“, сведочи пожарникар!

05/02/2026

AA

Судскиот процес за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ продолжи со сведочењето на Драган Апостолов, командир на противпожарната единица во Кочани.

Неговиот исказ ги откри застрашувачките услови со кои се соочиле спасувачките екипи при влезот во објектот каде што животот го загубија 63 лица.

Апостолов пред судот опиша сцена на вистински ужас. И покрај професионалната заштитна опрема, командирот се здобил со изгореници и пликови на рацете само од екстремно високата температура во внатрешноста.

Најголемата концентрација на заглавени и починати млади лица била пронајдена во тесниот ходник веднаш зад влезната врата.

Сведокот опиша три целосно јагленосани тела во позиции кои укажуваат на последните моменти од нивната борба за живот – едното држејќи се за маса, другото потпрено на столб, а третото со рацете кренати нагоре.

Командирот се присети на моментот кога екипите се обидувале да реанимираат девојка, по што медицинско лице само кратко потврдило: „Мртва е“.

Судењето продолжува со сослушување на преживеано девојче, кое треба да даде дополнително светло на настаните од таа кобна ноќ кога Македонија ја зави во црно смртта на 63 млади луѓе.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет

20/09/2026
Македонија

СУДАР КАЈ „ТУЛАНАТА“ НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕП ОДНЕСЕ ЖИВОТ НА ТИНЕЈЏЕРКА

20/09/2026
Македонија

САКАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД МАКЕДОНИЈА КАКО „ИТАЛИЈАНЕЦ“ Со себе имал

20/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ НА БЈБ ЧЕШЛА КРАЈ СТРУГА Во Радожда контролирале

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45694
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК ДОЖД До среда ќе дува

20/09/2026

Времето в понеделник, 20 септември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер го пренел по пријава од

20/09/2026

Граѓани околу 14.30 часот пријавиле дека на Шар Планина забележале лице кое не покажувало знаци на живот, по што била

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да ги испита фотките и изјавата

20/09/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков најави дека денеска ќе поднесе кривична пријава против Јон Фрчкоски од СДСМ и непознати лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy