Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сиљановска -Давкова: Мајчиниот јазик е чувар на семејната и национална традиција, на духовното богатство и култура на еден народ
Македонија

Сиљановска -Давкова: Мајчиниот јазик е чувар на семејната и национална традиција, на духовното богатство и култура на еден народ

19/02/2026

AA

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, што традиционално го организира Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Во своето обраќање, претседателката нагласи дека мајчиниот јазик не е само инструмент за комуникација, туку и чувар на семејната и национална традиција, на духовното богатство и култура на еден народ. Таа посочи дека образованието на мајчин јазик има клучна улога во интелектуалниот и емоционалниот развој на поединецот, а почитувањето на јазичната разновидност значи почитување на културната различност.

Говорејќи дека јазикот е темел на идентитетот, чувар на колективната меморија во којашто се запишани искуствата на минатите генерации и стремежите на оние кои доаѓаат по нас, Сиљановска-Давкова истакна дека овој ден не е само повод за одбележување на важниoт јубилеј, туку и потсетник за одговорноста што ја носиме кон јазикот како културно наследство и моќно мировно оружје.

Таа потсети на заедничката обврска да го развиваме и унапредуваме македонскиот јазик не само во образованието и науката, туку и во културата, политиката, медиумите и економијата, создавајќи услови за негов развој во чекор со современиот дигитален свет.

Според неа, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ имаше и има особено важна улога во промоцијата и заштитата на стандардниот македонски јазик.

За претседателката јазичната разноликост, како карактеристика на нашата држава, е вредно јазично богатство. Почитувањето и негувањето на јазиците, според неа, ја јакнее културата на дијалог и толеранција и помага во градењето општество во кое различноста се доживува како сила што обединува.

Свечениот настан посветен на мајчиниот јазик, обедини претставници на академската заедница, државните институции и собра на едно место академици, професори и ученици, политичари, љубители на јазикот.

Посебна тежина и убавина на настанот му дадоа учениците од средните и основните училишта, кои рецитираа стихови од познати поети на своите мајчини јазици.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска-Давкова.

Почитувани,

Голема е честа да се говори за македонскиот јазик, како мој и ваш мајчин јазик во неговиот македонски дом, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Голем е и поводот, 21 Февруари, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, посветен на љубовта, негата, грижата и почитта на мајчините јазици.  

Со прогласувањето, УНЕСКО целеше да ја подигне свеста за важноста на мајчиниот јазик како матична клетка на идентитетот, културата и традицијата.

И чинам, 26 години потоа, мајчиниот јазик продолжува од нас да обликува одговорни луѓе, овозможувајќи ни со него и преку него да се себезапознаеме, но и да го истражуваме другиот, поинаквиот од нас.

Без мајчиниот јазик не сме луѓе. Или како што еден од најголемите лингвисти на 20 врк, Ноам Чомски рече: „Кога го студираме јазикот, ние ѝ приоѓаме на човековата суштина“.

Всушност, јазикот е ултимативна манифестација на нашата сложена, богата внатрешност, нашиот омнипотентен идентитетски израз. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Нестабилно време со дожд, грмежи и можност за невреме

10/06/2026
Македонија

Костадиновски: „Нема да коментирам политички ставови, но во јавноста се

10/06/2026
Македонија

Јаневска: Учебната година заврши, учениците на заслужен летен распуст

10/06/2026
Македонија

Колку ќе добие државата од „Иловица“? Новите правила носат поголеми

10/06/2026
Македонија

Утре авионска дезинсекција против ларви од комарци во Скопје

10/06/2026
Македонија

Уапсени двајца скопјани на Долно Блаце, осомничени за кражба на

10/06/2026
Македонија

Царината заплени 312 пури вредни 4.000 евра на Табановце –

10/06/2026
Македонија

Обезбедени 50 милиони денари за нова противпожарна станица во Аеродром

09/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43685
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Нестабилно време со дожд, грмежи и можност за невреме

10/06/2026

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен

Костадиновски: „Нема да коментирам политички ставови, но во јавноста се присутни лични дисквалификации“

10/06/2026

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, реагираше по медиумските прашања поврзани со соопштението на политичката партија „Левица“, истакнувајќи дека

Јаневска: Учебната година заврши, учениците на заслужен летен распуст

10/06/2026

Со завршувањето на наставата денеска, учениците низ целата држава официјално влегуваат во летниот распуст, кој ќе трае до 31 август

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy