Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шумата се уште гори: Пожар беснее во село Лукаре, на границата помеѓу Скопско и Кумановско
Македонија

Шумата се уште гори: Пожар беснее во село Лукаре, на границата помеѓу Скопско и Кумановско

23/09/2025

AA

Пожар кој започна во понеделникот, на 22.09.2025 година, во Шумско стопанската единица Брест, во близина на скопското село Малино Маало, се прошири на непристапен терен во Кумановско. Огнот е сѐ уште активен, а силните ветрови го отежнуваат гаснењето.

Според извештајот на ЈП „Национални шуми“, пожарот бил пријавен од месното население, по што веднаш на терен излегле пет вработени од подружницата „Караџица“ од Скопје. Тие, заедно со локалните жители, го гаснеле огнот со пумпа, возило и трактор со цистерна. Во попладневните часови, во акцијата се вклучиле и воздухоплови.

Сепак, поради ветрот, пожарот денеска се префрлил од Брест кон селото Лукаре, во Шумско стопанската единица Копиљача. На терен се распоредени екипи од „Национални шуми“ од Скопје и Куманово, со четири и три вработени, соодветно, заедно со возила и пумпи. Во гаснењето учествуваат и припадници на пограничната полиција од Танушевци и противпожарната единица.

Огнот беснее на тешко достапен терен, што дополнително го отежнува напорот на екипите. Јавноста со загриженост ја следи ситуацијата, надевајќи се дека пожарот наскоро ќе биде ставен под контрола.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy