Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шукова: Со новата методологија, цената за услугата ќе се плаќа за произведено количество отпад
Македонија

Шукова: Со новата методологија, цената за услугата ќе се плаќа за произведено количество отпад

13/03/2023

AA

Новиот Закон за управување со отпад предвидува нова методологија за пресметка на услугата за отпад. Наместо да се наплаќа по основ на површина, односно по метар квадратен како досега, сега цената за услугата ќе се плаќа за произведено количество отпад, информира вечерва министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.

Таа појасни дека само тоа што ќе треба да се депонира на депонијата ќе биде финално што ќе се наплаќа, а се друго ќе може да се преработува, односно да се рециклира. Цената, како што додаде, ќе ја утврдува Регулаторната комисија.

-Ќе одиме со предселекција, а не со класично собирање и депонирање на отпадот, тоа ќе се прави или на нивото на општините во зависност од тоа колку им се јаки комуналните претпријатија или ќе се прави во претоварните станици. Во рамки на секој регион ќе имаме неколку претоварни станици. Начелно ќе се обидеме да го намалиме количеството отпад кое ќе го депонираме во централните депонии, рече Шуковска во „Топ Тема“ на телевизија Телма.

Според Шукова, користењето отпад за енергија е табу тема во државава, а, како што соопшти, имало неколку иницијативи за инсталации за третман на отпад преку согорување.

-Реакцијата на граѓаните е лоша и имаат недоверба кон ова прашање заради тоа што мислат дека ќе се увезува отпад од надвор и ќе се гори во Македонија. Не е точно, бидејќи новиот Закон за управување со отпад кој е усогласен со директивите на ЕУ, забранува увоз на отпад за производство на енергија. Не може да увезете и да произведете енергија. Нашата земја не произведува големи количини на отпад, можеби заради тоа што сме по малку сите несовесни па е расфрлан отпадот и мислиме дека имаме големи количини, но за да имате економска оправданост за да горите ѓубре за производство на енергија требаат посериозни количини отпад, рече Шукова.

Државата, како што појасни, има добиено заеми за изградба на депонии во пет региони – Полог, Југозападен дел, Пелагонија, Југоисток и Вардарски регион. Министерството за животна средина веќе има подготвено документација според ЕУ стандарди за Полошкиот регион, каде централна депонија ќе биде Русино, но само за следните пет години, затоа што, како што истакна, оваа депонија нема капацитет да собира повеќе отпад над пет години.

Додаде дека со истиот тој заем ќе се работи паралелно и на депонии во Пелагонија и Југозападниот дел, каде централна ќе биде во општина Новаци, додека за југоисточниот и вардарскиот регион се уште немаат подготвена соодветна документација и на тоа се работи.

Она што најпрво ќе се обезбеди е основна инфраструктура, односно трансфер станици, централна депонија и опрема за општштините.

Проблемот со регионалните депонии, вели, е „сакам-не сакам во мојата општина“, конкретно за Источниот и Североисточниот регион.

-Имаме негодување од Општина Свети Николе, и тој проблем мора да го решиме, последниот правен лек е одземање на надлежноста на општината. Ако општината не сака да учествува во процесот, државата ќе и ги одземе надлежностите, процесот мора да продолжи, зборуваме за проекти од јавен интерес и локацијата е избрана врз основа на студија која правела истражување на повеќе локации, рече Шукова.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy