Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Перез донел одлука – Раул го наследува Анчелоти на клупата на Реал Мадрид!
Спорт

Перез донел одлука – Раул го наследува Анчелоти на клупата на Реал Мадрид!

13/03/2023

AA

Првиот човек на најтрофејниот светски клуб Реал Мадрид, Флорентино Перез веќе донел одлука кој ќе го наследи Карло Анчелоти, кој на крајот на сезонава многу извесно е дека ќе си замине од кормилото, а навивачите на „кралевите“ се воодушевени откако излезе името на новиот кормилар – легендарниот Раул Гонзалез.

Според информациите од Мадрир, Перез не е најзадоволен од Анчелоти сезонава, а шанса за Италијанецот да остане е да освои важни трофеи, но во Ла Лига е сериозен заостатокот и ако викендов го загуби „ел класико“, титулата веќе извесно ќе се пресели во Каталонија, додека во ЛШ, четвртфиналето е близу, но допрва следува пеколот за да се одбрани трофејот од мај лани.

Во изминатиов период неколку имиња се појавија како опции за наследник на Анчелоти, кога Италијанецот ќе си замине, од Чаби Алонсо, Микел Артета, кам-бек на Зинедин Зидан, па и Жозе Мурињо, но на крај Перез пресекол за Раул да ја добие довербата. Раул е легенда на Реал за кој играше од 1994 година до 2010 година има 741 настап и 323 гола, а од 2018 година е тренер во младинските категории на Реал, а една година подоцна е дел од РМ Кастилја, вториот тим на „кралевите“.

Перез верува дека со Раул ќе го има истиот успех како пред шест години со Зидан, кој од спортски директор, без ден тренерско искуство стана кормилар на првиот тим и донесе три европски титули по ред, а и два пехари во Ла Лига во двата мандати.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пеколно утро во Македонија – УХМР соопшти каде е најтопло

01/08/2026
Македонија

Лишени од слобода тројца криумчари, одземени две возила и стока

01/08/2026
Македонија

Гужви на границите, за излез на граничниот премин Богородица се

01/08/2026
Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026
Македонија

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026
Македонија

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360

31/07/2026
Македонија

Не отворајте порака од државниот ревизор: хакери нудат лажни „проекти“

31/07/2026
Македонија

Жештините продолжуваат: Температурите над 40 степени во делови од земјава

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44791
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пеколно утро во Македонија – УХМР соопшти каде е најтопло

01/08/2026

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека во 8 часот утрово највисоката утринска температура е измерена во Кавадарци, каде што живата

Лишени од слобода тројца криумчари, одземени две возила и стока на македонско-косовската граница

01/08/2026

Тројца мажи се лишени од слобода, а одземени се две возила и криумчарена стока во акција спроведена на македонско-косовската граница.

Гужви на границите, за излез на граничниот премин Богородица се чека до два часа

01/08/2026

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира утрово Автомото сојуз на Македонија (АМСМ). Според АМСМ, интензитетот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy