Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шукова: Скопје е жртва на ВМРО-ДПМНЕ – хаос и партиски профити
Македонија

Шукова: Скопје е жртва на ВМРО-ДПМНЕ – хаос и партиски профити

24/08/2025

AA

Граѓаните точно знаат од кого беше доведено Скопје до оваа состојба и кој е виновникот за катастрофата со која се соочува градот, изјави на денешната прес-конференција кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова.

„Последниве четири години со ВМРО-ДПМНЕ на власт во Скопје видовме што значи хаос, неодговорност и целосно игнорирање на интересите на граѓаните.

Видовме што значи партијата и партиските интереси да се стават пред здравјето на луѓето, видовме што значи заради политички инает да се уништи градот, претпријатијата и со тоа животот на граѓаните. Видовме како развојот на градот се кочи поради бизнис-договори и како Скопје се уништува заради партиски профит.

Никогаш нашиот град не бил толку далеку од своите граѓани. Ова се случува секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ владее со градот. Тие го претвораат градот во свој партиски вилает за да ги спроведуваат партиските агенди. Го претворија Скопје во заложник на нивните расправии и интереси сега, а во следните четири години ќе го претворат во поле за лични и партиски профити.

Наместо да управуваат одговорно, го жртвуваа Скопје за да се пресметуваат со градоначалничката што прво ја поддржаа, а потоа ја отфрлија. Денес секој булевар, секоја улица, секое маало сведочи за нивниот неуспех. И тоа ние, Скопјани, нема да го дозволиме повторно.

Сите знаеме низ што помина градот: јавен превоз целосно уништен, ѓубре насекаде и без систем за чистење, преполни контејнери. Културно пропаѓање без дно и уништување на целиот урбан дух на градот е резултат само на ВМРО-ДПМНЕ – на никој друг.

Скопјани очекуваат решенија. Очекуваат искреност и политики што носат резултати. Очекуваат чист, уреден, културен град. Очекуваат градоначалник со визија и план, без лажни ветувања и хартиени мегапроекти.

А што нудат тие? Додека Скопје се дави во урбанистички хаос, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, отворено го брани криминалното дивоградителство во Чаир. Наместо одговорност и решение, гледаме позирање со коалициските партнери од ВЛЕН – истите што го создадоа овој урбанистички хаос.

Иста е сликата и во Кисела Вода под водство на Ѓорѓиевски: сомнителни тендери, исчезнато зеленило, планови креирани за бизнис-елити, а не за граѓани.

Скопје не може да поднесе уште еден градоначалник кој ќе работи за профитот на владејачката елита. Тој модел мора да биде поразен на изборите. Нашиот град е за живеење, а не партиска каса за богатење.

Затоа, по 19 октомври, Скопје мора да добие вистинска промена. Промена што значи грижа за сите граѓани, а не за партиите. Скопје мора да добие градоначалник кој нема да дели, туку ќе обединува, кој нема да фаворизира елити, туку ќе работи исклучиво за својот град“, вели Шукова.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy