Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Николоски најави автопатско поврзување на Битола со Скопје до 2029 година
Македонија

Николоски најави автопатско поврзување на Битола со Скопје до 2029 година

24/08/2025

AA

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“, министерот за транспорт, Александар Николоски, истакна дека во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта се работи на проект за целосно автопатско поврзување на Битола со Скопје.

Николоски нагласи дека автопатската врска се очекува да биде завршена во периодот 2028-2029 година и дека таа ќе има позитивно влијание врз бизнис климата во Битола и целиот регион.

„Во моментов работиме на еден огромен проект за целосно автопатско поврзување на Битола со Скопје, како и со Грција. До 2028-2029 година се очекува да се изгради автопат или експресен пат, модерен, брз и безбеден, по кој патувањето ќе трае околу еден час и половина. Ова значително ќе ја подобри бизнис климата во Битола и ќе ја смени динамиката на целиот регион“, рече Николоски.

Министерот се осврна и на проекти во Штип, каде се работи на урбанизација во делот на бањата Кежовица и изградба на вештачко туристичко езеро со цел да се подобри туристичката понуда на градот.

„Во Штип многу се вложува во туризмот. Заедно со градоначалникот работиме на урбанизација на бањата Кежовица и на изградба на првото вештачко туристичко езеро над Штип. Овие проекти имаат голем потенцијал за развој на туризмот и целокупното привлекување на посетители“, објасни Николоски.

Според него, овие инфраструктурни и туристички проекти се дел од стратегијата за унапредување на регионалниот развој и подобрување на економските и туристичките услови во Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy