Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шукова: Нема да биде активирана банкарската гаранција откако пропадна тендерот за изградба на „Чебрен“
Македонија

Шукова: Нема да биде активирана банкарската гаранција откако пропадна тендерот за изградба на „Чебрен“

03/01/2024

AA

Нема да биде активирана банкарската гаранција на грчката компанија „Архиродон“ која се откажа од проектот за изградба на хидроцентралата „Чебрен“-понудата не е повлечена за да се наплатат пари, изјави министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова.

Како што соопшти министерката, грчката фирма испратила жалба во однос на одлуката на Владата и соопштила дека имаат одредени услови коишто не овозможуваат добри можности да обезбеди средства од банките за да го гради „Чебрен“.

„Тие дополнителни барања не беа дел од тендерската документација и како такви, Владата не можеше да ги прифати. Затоа одлучивме условите да останат како во тендерската документација. Очигледно компанијата со овие услови не можеше да обезбеди заеми од банките, со оглед дека се работи за голема финансиска конструкција од милијарда евра“, изјави Шукова.

Во однос на тоа зошто не се активира банкарската гаранција, Шукова вели дека гаранцијата се наплатува во корист на Владата само ако избраниот понудувач ја одбие поканата за склучување договор за концесија за добра од општ интерес и не го потпише договорот и доколку ја повлече понудата пред истекот на периодот.

„Бидејќи не добивме никакви дополнителни информации од компанијата, банкарската гаранција веќе не е активна, понудата веќе не важи и не можеме да продолжиме понатаму“, изјави Шукова за пропаѓањето на тендерот за реализација на проектот „Чебрен“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски

30/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ЕВРОПСКИТЕ РЕФОРМИ Левков вели дека актуелниот парламентарен

30/09/2026
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски во Брисел за големите инфраструктурни

30/09/2026

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е во дводневна работна посета на Брисел, каде што учествува на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy