Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шукова: Имаме позитивно мислење за стратешките инвеститори, земјоделското земјиште е од пониска класа
Економија

Шукова: Имаме позитивно мислење за стратешките инвеститори, земјоделското земјиште е од пониска класа

13/02/2024

AA

Министерката за животна средина, Каја Шукова, во утринската емисија на „Слободен печат“ рече дека нејзиниот ресор ја прегледал целата документација на четирите стратешки инвеститори и не е најдена забелешка зошто да не се склучат договорите.

Во Собранието се предлог-законите за реализација на стратешките проекти: „Соларна електрична централа – Пехчево“, на стратешкиот инвеститор, ХЕК „Солар“ МК ДОО Негрево, Пехчево, вреден околу 51,9 милиони евра, стратешкиот инвестициски проект „Соларен парк Стипион“, на „Остро солар“ ДООЕЛ Скопје за изградба на фотоволтаична централа од 400 мегавати, вредна 270 милиони евра, инвестицискиот проект „Митилинеос“ за когенеративна постројка Скопје и стратешкиот инвестициски проект АИМ „Греен ТЕЦХ“, на стратешкиот инвеститор, АИМ „Греен ТЕЦХ“ ДООЕЛ Скопје, со кој ќе се комбинираат соларна енергија, мотори на гас и можност за батерии за баланс во мрежата.

„Подржуваме вакви инвестиции од обновливи извори на енергија. Од наш аспект, разгледани се сите инвеститори. Нашите препораки ги дадовме и начелно не се соочуваме со предизвици“, рече Шукова.

Конкретно, за француската инвестиција – соларен парк „Стипион“ на „Акуо Енерџи“, таа рече дека иако зафатената површина ќе биде огромна, поголемиот дел од плодното земјоделско земјиште во Штип не е од прва и втора класа.

„За земјоделското земјиште, вакви позитивни примери со агроволтаици има во Европа. Горе се фотоволтаиците, а доле може да го работите земјиштето. 

 Се разговараше на ниво на Влада да не се зафаќаат површини во прва и втора категорија, а инвеститорт ќе зафати повеќе површина од трета, четврта и петта класа“, додаде министерката.

Шукова рече дека негативните реакции ќе донесат само штета за енергетската сигурност на земјата и дека веќе се инсталирани 600 мегавати нови инвестиции.

„Стипон“ требаше да се гради првично на 450 хектари, да бидат инвестирани 270 милони евра со капацитет за произвоство од 360 до 400 мегавати. 

Претходно од Владата рекоа дека „Акуо Енерџи“ се откажал од 160 хектари од парцелата на која било најплодното земјиште.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Приведени 14 возачи за безобѕирно управување возило, од нив седуммина

28/06/2026
Македонија

Македонија најевтина во Европа: Кошничка од 100 евра во ЕУ

28/06/2026
Македонија

Три лица приведени, а со едно извршен службен разговор за

28/06/2026
Македонија

Осум пожари за еден ден: Три активни низ Македонија

28/06/2026
Македонија

Тетовец измамен за 3.400 евра: Жена лажно барала пари за

28/06/2026
Македонија

Следува разладување: По жештините доаѓаат дожд, грмежи и невреме

28/06/2026
Македонија

Обвинителство: Насилна е смртта на жената од Таор, поранешниот сопруг

28/06/2026
Македонија

Убиство на жена во Скопје: Четири лица приведени!

28/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44004
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Приведени 14 возачи за безобѕирно управување возило, од нив седуммина возеле без возачка дозвола!

28/06/2026

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување

Македонија најевтина во Европа: Кошничка од 100 евра во ЕУ кај нас чини 49,7 евра

28/06/2026

Разликите во цените низ Европа стануваат сè позабележливи, а ист производ или услуга може да има драстично различна цена во

Три лица приведени, а со едно извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие

28/06/2026

На 28.06.2026 во 00:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.С.(25) од село во Општина Старо

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy