Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шуга во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ – заразени двајца професионални војници
Македонија

Шуга во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ – заразени двајца професионални војници

08/02/2026

AA

Двајца професионални војници од велешката касарна „Алексо Демниевски-Бауман“ се потврдени како заразени со шуга, соопштија од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија (АРМ). Заразените се дел од новата класа од 296 професионални војници кои на 16 јануари положија заклетва.

Стручните лица на АРМ и Воено-медицинскиот центар веднаш презеле мерки согласно здравствените протоколи за спречување на евентуално ширење на заболувањето. Во касарната бил извршен епидемиолошки надзор, а сместувањето на војниците е организирано согласно армиските стандарди со обезбедена дезинфекција, чисти постелнини и контролиран план за капење.

„Сместувањето на војниците е регулирано согласно правилото за сместување и ред во Армијата. Пред почетокот на обуката се обезбедени соодветни услови за сместување, престој и работа, во согласност со армиските стандарди“, стои во заедничкото соопштение на Министерството за одбрана и АРМ.

Министерството и АРМ потсетуваат дека претходно во велешката касарна биле реализирани прием и сместување на повеќе класи нови војници, како и најголемата ситуациска вежба „Seven Stars 2025“ со над 150 домашни и странски учесници, без појава на шуга.

Шугата е инфективно паразитарно заболување со карактеристични кожни промени и силен јадеж, а периодот на инкубација според Институтот за јавно здравје е четири недели. По положувањето на заклетвата, сите 296 нови војници беа дома до 19 јануари, а заразените лица во моментов се во домашна изолација.

Во велешката касарна претходно шугата се појавила во ноември 2019 година, кога бил забележан само еден случај. Според Институтот за јавно здравје, во 2024 година регистрирани се 493 заболени лица, а во 2023 – 337.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026
Македонија

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026
Македонија

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026
Македонија

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната

27/07/2026
Македонија

Осумдневен притвор за Словенец кој физички ја нападнал девојката во

27/07/2026
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
Македонија

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44701
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026

По десетдневна принудна пауза, водата во Гостивар од денеска може да се користи за лична хигиена и чистење во домовите,

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026

Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго во летниот период, додека за претстојниот празничен викенд работното време ќе

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026

Просториите на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово биле мета на вандалски чин, при што објектот е оштетен, а на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy