Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Штрајкот на Контролорите на летање е откажан, Судот изрече времена забрана
Македонија

Штрајкот на Контролорите на летање е откажан, Судот изрече времена забрана

17/10/2025

AA

Авиосообраќајот во државава нема да биде прекинат в понеделник. Струковиот Синдикат на Контролори на Летање на Македонија (ССКЛМ) соопшти дека ќе ја почитува одлуката на Граѓанскиот суд, кој изрече времена мерка за забрана на штрајкот што беше најавен за од 10 до 15 часот.

Претседателот на ССКЛ, Александар Тасевски, на денешната прес-конференција изјави дека иако мора да го почитуваат решението, синдикатот нема да се откаже од своите барања и ќе го стави штрајкот во мирување. Тој најави дека ќе ја обжалат одлуката и ќе поднесат претставка до Републичкиот судски совет против судијката која го водела предметот, бидејќи, како што тврди, не им била дадена можност да ја изложат својата одбрана.

„Бевме спремни денеска да се појавиме на рочиште, но испадна дека е откажано и воопшто не ни беше дадена прилика да ја изложиме нашата одбрана и сето она што е наведено невистинито во нивното тужбено барање да го оспориме на Суд“, рече Тасевски.

Одлуката на судот следуваше по барање на раководството на М-НАВ, кое оцени дека најавениот штрајк е спротивен на законот бидејќи не била спроведена постапка за мирно решавање на спорот и дека барањата не произлегуваат од конкретни работни односи.

Тасевски, од своја страна, тврди дека постапката за помирување е одамна завршена и дека клучниот проблем е што новата менаџерска структура на М-НАВ одбива да ја почитува Спогодбата потпишана во 2023 година. Меѓу главните барања на синдикатот се ангажирање на консултантска фирма за функционална анализа на претпријатието, вработување на стручни кадри наместо партиски, како и подобри услови за работа.

„Едно од барањата е подобрување на услови за работа, да се реши проблемот со водата, со денови немаме вода на работа, вработените мора да одат или во Аеродромот ТАВ или во локалните кафеани во Петровец за да извршиме нужда“, рече Тасевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГАЗДАТА НА НАСТЕЛ НАПАДНАТ ВО СУД ЗА ВРЕМЕ НА РОЧИШТЕ

06/11/2026
Македонија

СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО НЕ СТИВНУВА, ПОВЕЌЕТО ЖРТВИ СЕ ЖЕНИ Речиси 4.000

06/11/2026
Македонија

ДВОЈНО ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП Најмногу заразени има

06/11/2026
Македонија

КОРИСТЕЛЕ СМЕТКИ НА УЦЕНЕТИ ЛУЃЕ ЗА ДА ПЕРАТ ПАРИ Нотар

06/11/2026
Македонија

ПАТИШТАТА, МОСТОВИТЕ И КОРИДОРИТЕ ЈА ПОКАЖУВААТ РАЗЛИКАТА Кога се гради

06/11/2026
Македонија

ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ Е СТРАТЕШКО ПРАШАЊЕ ШТО НАДМИНУВА МАНДАТ НА

06/11/2026
Македонија

ВИКЕНД СО СОНЦЕ И МАЛКУ ОБЛАЦИ Утрински мраз и магла

05/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГО ПОТВРДИ НАПРЕДОКОТ ВО РЕФОРМИТЕ Македонија бара гаранции

05/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46614
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГАЗДАТА НА НАСТЕЛ НАПАДНАТ ВО СУД ЗА ВРЕМЕ НА РОЧИШТЕ Полицијата потврди дека Азманов го

06/11/2026

Познатиот бизнисмен Зоран Азманов утрово бил физички нападнат во Основниот граѓански суд во Скопје. Нападот го пријавил во полиција, а

СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО НЕ СТИВНУВА, ПОВЕЌЕТО ЖРТВИ СЕ ЖЕНИ Речиси 4.000 поплаки за 9 месеци, регистирани

06/11/2026

Повеќе од 1.400 лица биле жртви на кривични дела поврзани со семејно насилство во првите девет месеци од годинава, покажуваат

ДВОЈНО ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП Најмногу заразени има во Тетово и во Куманово

06/11/2026

  Во Македонија во периодот од 26 октомври до 1 ноември се пријавени 116 случаи на грип и заболувања слични

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy