Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ШТО ТОА САКА ДА КАЖЕ МИЦОТАКИС? „Постојат нарушувачи, кои не би сакале ништо повеќе од тоа да предизвикаат нови поделби на Балканот
Регион

ШТО ТОА САКА ДА КАЖЕ МИЦОТАКИС? „Постојат нарушувачи, кои не би сакале ништо повеќе од тоа да предизвикаат нови поделби на Балканот

27/09/2024

AA

Постојат нарушувачи, кои не би сакале ништо повеќе од тоа да предизвикаат нови поделби во овој чувствителен агол на Европа. Време е познатата фраза на Винстон Черчил дека „Балканот произведува повеќе историја отколку што може да консумира“ еднаш засекогаш да ја оставиме во историските книги, порача грчкиот премиер Кирјакос Мициотакис во неговиот говор на Генералното собрание на Обединетите нации, осврнувајќи се на иднината на Западен Балкан, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис ја повтори грчката поддршка за европската перспектива, но и посочи дека Договорот од Преспа, Дејтонскиот договор и Договорот Белград – Приштина мора да се почитуваат и имплементираат.

Рече дека Грција, како најстара земја-членка на ЕУ во регионот, отсекогаш имала визија за Западен Балкан да биде дел од европското семејство, „визија која ќе ги намали тензиите и конфликтите и ќе ги вгради владеењето на правото и основните слободи, поттикнувајќи развој и просперитет за народите“.

Посочи дека „имаше напредок, но не беше доволен“, а 21 година по Солунската агенда „остануваат значајните предизвици“.

-Дозволете ми да бидам многу искрен: земјите од Западен Балкан треба да донесат дефинитивна одлука да го остават зад себе трауматичното наследство од минатото. И политичкото раководство на Западен Балкан треба, со дела, да избере да ја прифати својата европска иднина. Преку подобрување на демократското владеење, консолидирање на владеењето на правото и слободата на изразување, спроведување на тешки внатрешни реформи и многу важно посветеност на добрососедските односи. Заживувањето на националистичките наративи и агенди не треба денес да има место во регионот што е на прагот за членство во ЕУ. Да почнеме со основите работи: меѓународните договори мора да се почитуваат и имплементираат целосно и со добра волја, без разлика дали зборуваме за Дејтон, или за Преспа или за договорите Белград-Приштина, порача Мицотакис.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„СВ. ЕРАЗМО“ ДО НОВА ГОДИНА СО ЧЕТИРИ ОПЕРАЦИОНИ САЛИ Инвестицијата

25/09/2026
Македонија

ПРВАЧЕ НАПАДНАТО ВО УЧИЛИШНА СОБЛЕКУВАЛНА Поголеми малолетници го соблекле и

25/09/2026
Македонија

ПРИВЕДЕНА ИНСПЕКТОРКА ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА Барала пари за да

25/09/2026
Македонија

БРИСЕЛ И ЗАПАДЕН БАЛКАН НА ПРЕСВРТНИЦА Новиот план на Фон

25/09/2026
Македонија

ГРАНКА УСМРТИ 77-ГОДИШЕН РАДОВИШАНЕЦ Загинал додека со 73-годишник биле на

25/09/2026
Македонија

Венко Филипче може да биде само чувар на јахтата во

25/09/2026
Македонија

ПАРТИЈАТА НА ФИЛИПЧЕ Е ВО ИЗУМИРАЊЕ Се противат на рудници,

25/09/2026
Македонија

68-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ПО ПОЖАРОТ ВО РАДОВИШКО Полицијата вели дека го

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45801
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„СВ. ЕРАЗМО“ ДО НОВА ГОДИНА СО ЧЕТИРИ ОПЕРАЦИОНИ САЛИ Инвестицијата во новото крило ќе надмине

25/09/2026

Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид до Нова година треба да го стави во употреба новото

ПРВАЧЕ НАПАДНАТО ВО УЧИЛИШНА СОБЛЕКУВАЛНА Поголеми малолетници го соблекле и го снимале

25/09/2026

Шестгодишно дете било физички нападнато, соблечено и снимано со паметен часовник во соблекувална на спортска сала во основно училиште во

ПРИВЕДЕНА ИНСПЕКТОРКА ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА Барала пари за да издаде позитивен записник

25/09/2026

  Во полициска акција во Скопје, неофицијално, е приведена инспекторка од Агенцијата за храна и ветеринарство, осомничена дека ја злоупотребила

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy