Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Што си купи „Комерцијална банка“? Сега е „пали-гаси“ во фирма што води фондови вредни 75 милиони евра!
Економија

Што си купи „Комерцијална банка“? Сега е „пали-гаси“ во фирма што води фондови вредни 75 милиони евра!

18/12/2023

AA

„Комерцијална банка“ докупи 14 проценти акции во КБ Публикум инвест и со тоа стана акционер што поседува над 75 отсто од сите акции во оваа фирма. КБ Публикум инвест управува со шест инвестициски фондови вредни 75 милиони евра. Приходите му се од провизии за управување со фондови во кои вложуваат инвеститори. Лани за своите услуги друштвото наплатило 1,2 милиони евра, а на своите акционери им направило добивка од 712.000 евра

„Комерцијална банка“ докупи 99 акции во „КБ Публикум инвест“, специјализирана за управување со инвестициски фондови. Информацијата е потврдена и официјално објавена на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност.

Со последната трансакција „Комерцијална банка“ која и досега беше најголем поединечен акционер во КБ Публикум сега стана сопственик на 78,4 од акциите. Тоа значи дека за секоја суштински важна одлука од сега па натаму банката во КБ Публикум може да одлучува сама затоа што посеудва повеќе од 75 отсто од акциите.

Иако во соопштението објавено на берза нема информација кој е продавач на акциите и по која цена, „Фактор“ врз основа на споредба на податоци и нивна анализа дојде до податок за тоа кој може да е продавач на акциите и која е најмалата цена за една акција која ја плати банката.

Според официјалните податоци од акционерската структура продавач на акциите е една од двете словенечки компании досегашни акционери во КБ Публикум. Имено досега по 99 акции со право на глас имаа словенечките фирми „Публикум холдинг“ ДОО Љубљана и „Пом-инвест“ дд Марибор. Последната транскација значи дека само едно од овие две словенечки друштва останува акционер во КБ Публикум заедно со „Комерцијална банка“ која сега е убедливо најголем поединечен акционер и друштвото „Форлекс СРЛ“ од Трст, Република Италија.

Што се однесува до акцијата на КБ Публикум, за жал, нема официјална информација за нејзината истргувана пазарна цена. Но анализата на податоците покажува дека во најмала рака цената е 1.000 евра за акција колку што е и учеството на секоја акција во основачкиот капитал на компанијата. Но ако се земе во предвид акумулираната добивка на КБ Публикум за минатата година вредна 1,4 милиони евра тогаш цената по акција е барем 3.000 евра. Ако на тоа се додаде и гудвилот затоа што се работи за многу успешна и профитабилна компанија со голем потенцијал за раст и солидна пазарна позиција тогаш цената е предмет на преговори меѓу двете заинтересирани страни, но објективно и не би трбало да биде помала од 3.500 евра за акција. Ако е така „Комерцијална банка“ би требало да плати околу 350.000 евра за тие 14,14 отсто од акциите кои сега се во нејзиниот стек во портфолиото на КБ Публикум инвест.

Што е КБ Публикум инвест? Управува 75 милиони евра доверени од инвеститори

КБ Публикум инвест е друштво регистрирано за управување со отворени инвестициски фондови. За да го работи тоа согласно законската регулатива има одобренија од Комисијата за хартии од вредност (КХВ) надлежно независно регулаторно тело кое го контролира македонскиот пазар на капитал.

КБ Публикум инвест управува до шест отворени инвестициски фондови во кои инвеститори кои имаат доверба во КБ Публикум инвест вложиле свои пари и заштеди. Според најновите податоци јавно достапни на веб страницата на КБ Публикум инвест вредноста на сите шест фондови со кои управува друштвото изнесува 75,1 милиони евра.

Најголем е Инвестицискиот фонд – Паричен во кој граѓани и фирми чуваат во кеш 39,95 милиони евра. Втоп по големина е Фондот наречен МБИ-10 затоа што вложува во најдобрите македонски акции од кои е сочинет берзанскиот индекс МБИ-10. Таму инвеститорите на крај на септември годинава чувале 14,2 милиони евра. Во балансираниот фонд инвеститорите заклучно со третиот квартал чувале 9,9 милиони евра. Овој фонд, како што му кажува и самото име, вложува во безризични хартии од вредност и во депозити во банки. Таков фонд е и „Обврзници“ чија вредност на крај на периодот била 3,2 милиони евра.

Најмладите два фонда во портфолиото на КБ Публикум инвест се „Златен фонд“ и „Акции“ и заедничко им е тоа што вложуваат во странски големи компании чии акции се котирани на големите светски берзи. „Златен фонд“ е специјализиран за акции на рударски компании специјализирани за благородни метали и пред се за златна руда по што и го добил името. Вредноста на тој фонд на крај на септември изнесува 5,14 милиони евра. Во фондот „Акции“ најзастапени се најголемите компании на глобалниот пазар од различни сектори и дејности. Вредноста на овој фонд на крајот на септември е 2,7 милиони евра.

За својата услуга и управување КБ Публикум инвест наплаќа провизии за вложување и тоа му е приход од кој ја финансира својата дејност. Лани ова друштво од провизии направило 1,24 милиони евра и остварило нето добивка од 712.000 евра. 

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy