Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Што недостига во помалите градови за да се живее убаво?
Економија

Што недостига во помалите градови за да се живее убаво?

26/08/2023

AA

Скопје е град кој нуди повеќе можности, но во малите места не е така и има доста поплаки од граѓаните. 

Жителите на различни општини имаат долга листа на барања за тоа што им треба за поубав и поквалитетен живот. Повеќе работни места, здравствени установи, паркови, подобра јавна хигиена и ред други работи се потребни. 

„Мене конкретно не ми фалат многу работи, но за младите треба повеќе просперитет. Повеќе работни места, подобра економија. Зеленило и паркови секогаш ќе фалат, места да има каде да се излезе се потребни“, рече Гордана С. од Куманово.

Жителка на Делчево вели дека им се потребни повеќе работни места за младите да останат во градот. 

„Фали работа, работни места, да се вратат младите, затоа што преку лето има народ, а во зима е пусто. Ни треба автобус до Скопје, болница, градинка, да има повеќе детски игралишта, иако градоначалникот се труди, направи доста работи. За културни настани, многу ретко се одржуваат“, рече Нина А. од Делчево. 

Егзистенцијата е најважното прашање за населението. 

„Во градот ни фалат фабрики, да има народот да заработува, затоа што младите ни избегаа и којзнае дали ќе се вратат. Треба улиците да се направат, инаку, за живот овде е мирно, имаме чист воздух. Направени се куќи, ама празни се, народот избега“, рече Љубинка Давитковска, жителка на Кратово. 

И во Крива Паланка ги набројуваат истите проблеми. 

„Ни фали народ, нема деца, наталитетот опадна, се иселуваат. Имаме базен, ама не е функционален, така што во овие летни денови ни треба место каде народот ќе може да се разлади. Потребна е некоја поголема инвестиција, со повисоки плати, за да може оние кои заминале во странство, а не се задоволни, да се вратат назад. Но, за тоа се потребни плати од 50.000-60.000 денари за да можат луѓето да си ја планираат иднината тука“, рече Никола, жител на Крива Паланка. 

Жителите на Валандово се исто така разочарани. Велат на младите не им требаат кафулиња, им треба работа. 

„На младите им фалеа многу работи и затоа заминаа, а за пензионерите Валандово не е толку лошо за живот. Вработување нема, многу тешко и џабе е високото образование, затоа што гледаме дека денес дури луѓето со средно заработуваат повеќе од оние кои инвестирале во факултетско образование. Ние мислевме дека нашите деца ќе живеат поубаво од нас, но не испадна така, тешко е“, додава Билјана П. од Валандово. 

Слична е состојбата и во Радовиш. Луѓето велат дека има неколку клучни сегменти кои треба да се подобрат. 

„Јавната хигиена, чистотата треба да се подобри и проблем е што тешко се доаѓа до вработување“, рече Рустем од Радовиш. 

Но, младите кои почесто шетаат надвор од државата велат дека има многу недостатоци кај нас. Па така, гевгеличанец објаснува дека жителите на градот ако сакаат да патуваат во соседните градови, немаат многу избор, затоа што имаат мал број на автобуски линии. Дополнително, вели дека сообраќајните врски треба да бидат подобри меѓу градовите, да нема доцнење, но и билетите да бидат со попристапни цени. 

„Од гевгелиско село, ако сакате да одите во градот, треба да платите патарина, а ако сакате да ја избегнете, треба да кружите, да изгубите повеќе време. Градот Гевгелија е во ред за живот, но околните рурални средни се подзаборавени. Кај нас проблем е што сè е централизирано во Скопје. Посетив едно гратче во Полска, со 100.000 жители, тоа кај нив се смета како мало гратче, градбите се сочувани од Втората светска војна,  градот е многу подобар од Скопје, си функционира јавен превоз. Исто и во Будимпешта иако е милионски град, транспортирањето од едно до друго место е лесно“, додава нашиот соговорник. 

Дел од луѓето кои ги прашавме за мислење се оптимисти дека нешто во иднина ќе се смени на подобро, а другите не се и веруваат дека допрва ќе има иселување од Македонија, а тоа ќе создаде многу проблеми во сите сфери на општественото живеење. 

Сања Атанасовска

foto Wikipedia

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026
Македонија

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ

25/09/2026
Македонија

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ

25/09/2026
Македонија

🎥 (ВО ЖИВО) МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО

25/09/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ГОЛЕМИОТ ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ Меѓу 19-те

25/09/2026
Македонија

САШО МИЈАЛКОВ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО БАРУТАНА Демантирани тврдењата на

25/09/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН

25/09/2026
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45810
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026

Во Косово денеска е уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ Петрушевски за говорот на Мицкоски

25/09/2026

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Колегиум”, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата,

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ И СО САД Мицкоски од

25/09/2026

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, ги претстави трите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy