
Што ќе се разговара на средбата во ДУИ? – Османи вели за неразговараните прашања, Меџити порача за ДУИ!
Денеска во седиштето на ДУИ, во Тетово, е закажана средбата на партискиот врв.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи пред почетокот истакна дека ќе се разговара за сите прашања.
„Ќе се разговара за сите прашања кои не беа разговарани на претходната средба. Ќе се испитаат сите прашања што ќе ги отворат членовите на претседателството“, рече Османи.
На средбата пристигна и предводникот на Огнената група, Изет Меџити кого го прашаа за што очекува да се разговара на средбата.
На ова Меџити кратко одговори: За ДУИ!