Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ШТО ЈА СТОПИ ДОБИВКАТА НА „МАКСТИЛ“ ЗА ТРИ ЧЕТВРТИНИ – првиот квартал не тргна „славно“, еве зошто
Економија

ШТО ЈА СТОПИ ДОБИВКАТА НА „МАКСТИЛ“ ЗА ТРИ ЧЕТВРТИНИ – првиот квартал не тргна „славно“, еве зошто

03/05/2023

AA

Откако минатата ја заврши со одличен профит од 17,5 милиони евра, на нашиот
челичарски гигант „Макстил“, годинава по се изгледа дека не му тргна баш
најдобро.

Компанијата јавува за намалување на добивката за дури 74 отсто, што
практично значи дека во првите три месеци од годинава е остварена
само една четвртина од добивката што била прикажана во текот на истиот период
минатата година.

Или, ако во првиот квартал од минатата година „Макстил“ имал профит од дури
3,8 милиони евра, во првите три месеци од годинава профитот изнесува нецел еден
милион евра, или прецизно 965 илјади евра.

Компанијата излезе со објаснување зошто е намален финансискиот резултат, а
објаснувањето е дека главни причини за тоа се високата инфлација, нарушеното
снабдување, но и војната во Украина.  

„Неповолните
влијанија врз челичната индустрија кои произлегуваат од глобалното економско
забавување и кои ја карактеризираа 2022 година, како што се високата инфлација,
нарушувањето на синџирот на снабдување, влијанието на војната меѓу Русија и
Украина на глобалниот пазар на челик, сѐ
уште не се надминати. На почетокот на оваа година продолжува да се рефлектира
влијанието како на глобалната трговија со челик, така и на нарушувањето на
пазарите на суровини. Постојаната инфлација и високите каматни стапки се очекува
во повеќето економии да го ограничат закрепнувањето на побарувачката за челик
во 2023 година, и покрај позитивните фактори, како што се повторното отворање на кинеската економија, европската
отпорност на енергетската криза и намалувањето на тесните грла во синџирот на
снабдување“, се вели во
образложението кое го дале од „Макстил“ преку Берзата до инвеститорската
јавност.

Од компанијата велат дека постојано се прилагодуваат на пазарните услови, и благодарение на добрата организација на
сите деловни функции,
успеваат правилно да ја
ползуваат
својата позиција на регионалните пазари, остварувајќи добивка во првиот квартал од годинава.

Она што може да се види од компаниското објаснување, е дека има пораст на
производството.

„Оствареното
производство на дебели лимови во првото тримесечје на 2023 година во производниот погон Валавница изнесува
80.754тони, што
споредено со 79.817тони во истиот период на 2022, е зголемување од 1,2 отсто, додека во однос на поставениот
производен план за првото тримесечје од годинава е зголемување од 5,6 проценти. Оствареното производство на
сопствен челичен полуфабрикат, челичански слабови во извештајниот период е
56.046 тони, што
споредено со истиот период од 2022, е пораст за 9,3 отсто, а во однос на планот е зголемување
повеќе од двојно“, се вели во
образложението.

Реализацијата на
топловаланите дебели лимови, пак, за
првите три месеци од годинава изнесува 91.634тони, што споредено со првиот квартал од
минатата година е зголемување
од 13,7 отсто.

Намалени се и приходите и расходите на компанијата. Всушност, еве што
покажува билансот на успех на компанијата.

Таа во првите три месеци од годинава остварила приходи
од работењето во износ од 2,52 милијарди денари, или близу 41 милиони евра. Во нив приходите од продажба се носечка ставка во структурата на вкупните
приходи и учествуваат
со дури 99,6 отсто. Во однос на истиот период од ланската година
приходите се намалени за 3,4 проценти.

Кога станува збор за расходната страна, пак, во
првите три месеци остварените расходи изнесувале 2,32 милијарди денари, или близу 38 милиони евра. Од нив трошоците за производство се носечка ставка и во
структурата на вкупните расходи учествуваат со 76 отсто. Тие, пак, споредени со истиот
период лани се пониски за 4,2 отсто.

Од „Макстил“ прецизно објаснуваат колку и зошто е намален нивниот
финансиски резултат, односно профитот на компанијата. Тоа се главно пониските
продажни цени и повисоките трошоци.

„Добивката
пред оданочување во извештајниот период е 67 милиони денари, (или 1,1 милиони евра– н.з.), и е речиси четирикратно пониска од
остварената во првиот квартал од 2022 година, додека нето добивката изнесува 59 милиони денари (960 илјади евра), четирикратно пониска од
остварената за истиот период во минатата година. Намалувањето на добивката главно
се должи на пониските продажни цени на готовиот производ. Дополнително,
трошоците за производство сѐ уште не бележат пад како што се очекуваше и се
релативно високи во однос на берзанските движења на енергенсите и металите.

Очекувањата се дека во периодот од април до септември ќе следи поизбалансирано
движење на продажните цени и трошоците за производство, односно нема да има дополнително значајно
намалување на продажните цени во споредба со намалувањето на трошоците за
производство“, потенцираат од
компанијата.

Од Билансот на успех на компанијата ушпте и може да се види дека трошоците
за вработените се зголемени за 25 проценти, што значи дека компанијата ги
зголемила или платите, или бројот на вработените, што во секој случај е потег
за поздравување.

Во овој период компанијата
нема извршена исплата на дивиденди по акција, поради, како што велат, пренесени загуби од
претходниот период.

Од „Макстил“ нагласуваат и дека во текот на првите три месеци
од 2023 година нема активирани инвестициони вложувања.

За наредниот период се
очекува благ пораст на побарувачката на челик придружена со забавување на
инфлацијата, намалување на кредитниот притисок од страна на банките, како и закрепнување на потрошувачката.

„На
нашиот најголем пазар – Европската
Унија, и понатаму се очекува да
продолжи да се чувствува влијанието на војната, додека во Турција се очекува
зголемување на побарувачката за челични производи, поттикната пред сѐ од
потребата за обнова на областите со висок ризик од земјотреси. На линија на
глобалните проекции и Макстил ќе продолжи со реализација на поставените цели,
подобрување на работните услови за сите вработени и континуираната грижа за
безбедноста и здравјето на вработените“, нагласуваат од компанијата. 

Како што веќе напишавме, ланската година „Макстил“ ја заврши со одлична добивка од 17,5 милиони евра, што е раст за 27 отсто во однос на претходната 2021 година.

Инаку, и други компании пријавуваат намалени добивки во првиот квартал годинава. Фактор објави за намалената добивка на „Европа“, а како причини ги наведуваат енормното зголемување на цените на енергенсите, суровините и амбалажата, но и неопходното зголемување на платите.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy