Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ШТО ЈА „ЛИЗНА“ ДОБИВКАТА НА „ГРАНИТ“ ЗА 26 ПРОЦЕНТИ – градежниот гигант објави профит за лани од 2,16 милиони евра
Економија

ШТО ЈА „ЛИЗНА“ ДОБИВКАТА НА „ГРАНИТ“ ЗА 26 ПРОЦЕНТИ – градежниот гигант објави профит за лани од 2,16 милиони евра

02/03/2023

AA

Градежниот гигант „Гранит“ лани остварил помал профит за близу една
четвртина во споредба со претходната година, или има намалување за 26 проценти.
Компанијата преку берзата до инвеститорската јавност ги објави финансиските
извештаи за минатата година, а билансот на успех говори дека во 2022 година ова
акционерско друштво остварило нето добивка од 2,16 милиони евра, наспроти 2,9
милиони евра профит кој компанијата го прикажала во 2021 година.

„Гранит“ во своето образложение на финансискиот резултат говори за
причините за значително намалената добивка во годината што измина.

Велат дека остварените единечни вкупни приходи во2022 година изнесуваат близу 82 милиони евра, што во
споредба со остварените приходи во истиот период од 2021 година значи
зголемување за 1,3 проценти.

Најзначајните приходи, односно оние од продажбата, лани
биле на нивото од близу 75 милиони евра, што е намалување за само еден процент
во споредба со претходната година. Додека, пак, финансиските приходи на
друштвото лани изнесувале близу 1,3 милиони евра, што е благ раст за еден
процент.

Ако приходите благо се намалиле, расходите на градежната
компанија се зголемиле.

Остварените единечни
 вкупни расходи вопериодот јануари – декември2022 година се во износ од 79,6 милиони евра, и споредено
со истиот период 2021 година бележат зголемување за 2,4 отсто“, се вели во
образложението од компанијата.

Од „Гранит“ многу
прецизно објавуваат кои се главните причини за намалување на добивката. Всушност,
станува збор за повисоките цени на струјата , нафтата, но и на железото и
цементот.

„Во периодот јануари – декември 2022 година, друштвото оствари
позитивен резултат во износ од 13
2.888 илјади денарии таа е
намалена во однос на претходната година за 26 отсто. Намалувањето на добивката
во најголем дел се должи на зголемување на пазарните цени на одредени клучни
материјали и суровини за изградба. Па така, цената на нафтата има зголемување
за 55 отсто во однос на 2021, на цементот има зголемување за 38 проценти, цената
на железото е повисока за 28 отсто, а на електричната енергија за 89 отсто“, се
вели во образложението од „Гранит“.

Кога станува збор за билансот на состојба, пак, вкупната
актива на друштвото изнесува 130 милиони евра, што е благо намалување во однос
на претходната година за еден отсто.

Вреди да се спомене дека „Гранит“ си ги намалил своите
вкупни обврски, и тоа за седум проценти, па така сега тие се на ниво од 35,5
милиони евра.

Компанијата
известува и дека на одржаното Годишно Собрание на акционери во мај лани, се одлучувало
за распределба на дивиденда за 2021 година, при што таа изнесува над 1,6
милиони евра, или 36 денари бруто по една акација. Исплатата на оваа дивиденда се
извршила до 30 јуни минатата година.

„Гранит“ ја известува јавноста дека вкупните инвестиции
во основни средства, опрема и механизација во ланската година достигнале 3,5
милиони евра.

„Во периодот јануари
– декември 2022 година, има нови задолжувања со кредитни обврски по основ на
финансирање на инвестиции на Друштвото, како и редовна отплата на кредитите и
финансикиот лизинг согласно амортизационите планови“, објаснуваат од градежната
компанија.

Во своето
образложение од „Гранит“ се осврнале и на плановите и очекувањата за следниот
период.

Според нив, постоечката
криза во Украина со Русија и енергетска криза со значајното зголемување на
цените на главните енергенси и материјали (струја, гас, нафта, железо) имаат и сеуште
ќе имаат влијание врз светската економија, а следствено на тоа и врз
македонската во наредниот период. Влијанијата ќе имаат ефект посебно врз
зголемување и нестабилност на цените на одредени суровини и материјали,
енергија а преку тоа и врз крајните цени на многу производи. Друштвото, како
што велат, континуирано ги следи движењата во националаната, регионаланата и
глобалната економија со цел да се добијат информации за полесно одлучување.

„Секторот градежништво продолжи да функционира, но во
изменети и новонастанати околности. Исто така, кризата во Украина, како и
зголемувањето и нестабилноста на цените на енергенсите и континуираниот раст на
цените на суровините, порастот на минималната плата, а со тоа и пораст на сите
останати плати, ќе имаат влијание на пораст на трошоците на главните инпути во
наредниот период“, велат од „Гранит“, потенцирајќи дека ги преземаат сите неопходни
активности за прилагодување на новонастаната енергетска криза, како и дека ќе
настојуваат да ги завршат сите предвидени активности согласно плановите за
градење со инвеститорите.

Но, како што нагласуваат, во таков случај и цените на
услугите и производите на друштвото, ќе мора да се адаптираат на тековните цени.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy