Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шпаркасе Банка со известување до сите студенти – Обид за фишинг напад
Македонија

Шпаркасе Банка со известување до сите студенти – Обид за фишинг напад

08/11/2023

AA

Шпаркасе Банка ги известува студентите дека денес е забележана измамничка кампања, претставена како линк креиран од Шпаркасе Банка. Студентите овој линк го добиваат преку нивната е-меил пошта или преку СМС порака, кој доколку го кликнат ги води до лажна веб-страница, која не е во сопственост на Шпаркасе Банка.

Оваа лажна платформа и условите во склоп на истата, бара од студентите да ги внесат нивните лични податоци, за да се регистрираат за „членство на студентски оброк“, а дополнително бараат платежни податоци од нивните родители со скенирање на „QR“ код или со кликање на копчето „Регистрирај се“.

Кога примачот ќе ги внесе податоците, преку „бот мрежа“ напаѓачите прават трансакции преку интернет, со податоците од картичката додека има расположливи средства, или до достигнување на лимитот за интернет трансакции.

Доколку студентите кликнале на линкот од електронската пошта или порака, преку системите за електронско или мобилно банкарство, треба да ги постават интернет лимитите на 0 и веднаш да го контактираат контакт центарот на Шпаркасе Банка 02/15050 за да ја блокираат картичката.

За да се заштитите од тековните напади, доколку сте добиле таква е-маил или СМС порака, не ги оставајте Вашите лични податоци или бројот на Вашата картичка, CVV2 број (трицифрениот број испечатен на задната страна на Вашата картичка) или датум на истекување на картичката.

Шпаркасе Банка се идентификува со користење на соодветен валиден сертификат (https), којшто спречува напади од ваков вид.

Дополнително, „Phishing мејлот“  води до адреса, која не е на Банката и сертификатот не е валиден.

Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува студентите да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни линкови, кои ги добиваат преку СМС порака, електронска пошта или социјални медиуми. Аплицирањето за ко-брендираната картичка за субвенциониран студентски оброк се врши исклучиво преку веб страницата на Министерството за образование и наука „е-услуги“, а податоците се ажурираат преку официјалната e-платформа на Шпаркасе Банка.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy