
Шок во Франција: Мбапе нема да игра на Еуро 2024, за да брка олимписко злато во Париз?!
Оваа најава дека Мбапе може да го прескокне Еуро е поврзано со настапот на извонредното крило на Летните Олимписки игри во Париз идното лето, па невозможно е офанзивецот да игра и на двете натпреварувања. Ова го најави и првиот човек на францускиот фудбал, Филип Дало.
„Мора да сме свесни дека сакаме да го направиме најдобриот можен тим за ЛОИ и сите на ум имаме едно име кое треба да го предводи тимот. Мбапе веќе и сам се огласи дека настап на ЛОИ е сон за секој спортист. Јас верувам дека можеме да дојдеме со олимпиското злато. Наша должност е да бидеме најдобри на ЛОИ, но јасно е дека Килијан нема да може сѐ да игра“, рече Дало.
Еуро 2024 е на програмата од 14 јуни до 14 јули идната година, а Игрите во Париз се од 24 јули до 10 август.