Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шмихал: Украина ќе добие помош од пет милијарди долари
Македонија

Шмихал: Украина ќе добие помош од пет милијарди долари

15/04/2023

AA

Украинскиот премиер Денис Шмихал изјави дека на состаноците во Вашингтон договорени се уште пет милијарди долари помош за Украина.

Шмихал минатата недела се сретна со претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Светската банка и Европската инвестициска банка, како и со највисоките американски претставници, за време на пролетните состаноци на ММФ и Светската банка.

Тој истакна дека на состаноците Украина добила ветувања за дополнителна поддршка од Швајцарија, Данска и многу други земји. Исто така, договорено е американскиот производител на авиони Боинг да ги ослободи украинските компании од обврските од 200 милиони долари.

Се очекува Киев да добие дополнителна поддршка за време на претстојната конференција во Лондон.

Меѓународните партнери не уверија во нивната долгорочна поддршка. Во следните четири години Украина ќе добие вкупна финансиска помош од 115 милијарди долари, вклучително и заемите од ММФ од 15,6 милијарди долари. На Украина и требаат околу 14 милијарди долари оваа година за да ја затвори дупката во буџетот, посочи Шмихал, наведувајќи дека САД ќе обезбедат 2,3 милијарди долари, а Европската унија една милијарда евра.

Тој додаде дека се разговарало и за барањето на Украина, САД и другите сојузници да ги покријат трошоците за обнова на Украина од замрзнатите руски средства, кои според неодамнешната процена на Светска банка изнесуваат 411 милијарди долари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Песков: Русија е подготвена да му помогне на Иран на многу начини, сè зависи од

23/06/2025

Русија е подготвена да му помогне на Иран на различни начини поради ескалацијата на Блискиот Исток, а тоа во голема

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy