Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шетале пит бул без каиш во скопско Козле, па нападнал кутре и дете
Македонија

Шетале пит бул без каиш во скопско Козле, па нападнал кутре и дете

28/05/2025

AA

Вистинска трагедија се случила во вторник навечер околу 20 часот во населбата Козле, каде семејството на Маја било нападнато од куче налик на пит бул или стафорд, кое било шетано без каиш. Инцидентот се случил на патеката кај каналот, каде синот на Маја ја шетал нивната нова миленичка, бебето куче од раса Лагото, по име Бамби.

Според објавата на социјалните мрежи, кучето на непознат сопственик прво било предупредено од газдата со зборовите: „Земи го во раце, не сака други кучиња“. Иако момчето ја земало Бамби во прегратка, кучето сепак нападнало и ја тегнело неколку минути, додека син му се борел да го одбрани кутрето. Нападот завршил со тешки повреди на кучето – скршена кичма, скинати нерви и длабоки рани, од кои, за жал, не успеала да се спаси.

Дополнително, момчето било и самиот гризнат, а телефонот му паднал при обидот да побегне со повреденото куче. Подоцна, како што тврди семејството, телефонот го подигнала сопственичката на агресивното куче, која наводно се обидела да ја изврти приказната, тврдејќи дека кучето им избегало од дома – иако, според Маја, во моментот на нападот, кучето било со сопствениците и не било врзано.

Семејството вели дека сопствениците на агресивното куче одбиле да дадат име, презиме или контакт информации. Инцидентот е пријавен во полиција, а Маја апелира за помош од јавноста во идентификување на сопствениците.

„Ни го убија кутрето, ни го истрауматизираа детето, а сега се обидуваат да се скријат. За ова мора да има одговорност“, напиша Маја.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy