Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ПЛАТЕНИ ЗА ЕДЕН ДЕН – „Крејон Македонија“ ја доби првата „сочна“ исплата за сајбер одбраната по новиот договор
Економија

ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ПЛАТЕНИ ЗА ЕДЕН ДЕН – „Крејон Македонија“ ја доби првата „сочна“ исплата за сајбер одбраната по новиот договор

01/12/2023

AA

Компанијата „Крејон Македонија“ има причини
за да прослави. Пред околу три недели на нејзината сметка легнале „одлични“
близу 6 милиони евра од македонската Влада, како резултат на новиот Договор за
сајбер одбрана за јавната администрација.

Во септември годинава пишувавме дека за оваа цел Владата склучи договор според кој ќе плаќа 25 милиони евра во следните три години.

Како што веќе пишуваше
Фактор, набавката
на софтверски лиценци и сервиси, што е една од цените што треба да ја плаќаме
како 30-та членка на НАТО, ќе не чини 1.520.343.083 денари што во
наредните 36 месеци ќе му се исплаќаат на конзорциумот Крејон Македонија –
Аитоникс. Новиот договор склучен со Владата беше објавен на
електронскиот систем за јавни набавки, и е значително поскап во однос на претходниот постигнат пред три
години со истото партнерство, кој чинеше околу 16 милиони евра.

Алатката
за отчетност на Владата отворени финансии покажува дека на 3 овој месец на
компанијата Крејон Македонија и биле исплатени 353 милиони денари или прецизно
5,74 милиони евра. Како исплаќач на овие средства се јавува Владата на
Македонија.

Исплата
кон истата компанија имало и еден ден претходно, на 2 ноември, но префрлена е
многу помала сума, од само 130 илјади евра. Овие пари се исплатени од Владата,
од сметката за трансфер на средства.

Или,
вкупно компанијата добила 5,87 милиони евра.

Според
платформата Отворени финансии, претходно кон оваа компанија имало исплати во
август годинава, исто од владината сметка за трансфер на средства. Тие исплати
се реализирале во четири различни денови на август, а биле на вкупна сума од
261 илјади евра. Претходно во текот на оваа година нема други исплати, откако лани се префрлија последните средства по стариот договор.

Инаку,
како што пишуваше Фактор, понудата на Крејон не била најниска, односно имало и
таква за 22,7
милиони долари. Останати понудувачи биле Комтрејд
Дистрибуција, Softwareone AG и Телелинк бизнис сервисис.

„Крејон Македонија“ е
една од најголемите фирми во Македонија кои прават приходи во милиони евра а
при тоа немаат ниту еден вработен. „Аитоникс“ е компанија во сопственост на Јордан Димитровски. „Крејон“ групацијата е еден од најголемите партнери на “Мајкрософт
“ во светски рамки, а АД „Аитоникс“ е негов долгогодишен партнер и дистрибутер
во Македонија, пишуваше Фактор. 

Во
врска со овој милионски договор, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Како
е можно договор за лиценци којшто пред 3 години вредел 16 милиони евра, сега да
тежи над 26 милиони евра? Во кој дел Владата во овие три години го
напреднала работењето, услугите на администрацијата, за сега за лиценци и
компјутерски програми плаќа да дури 26 милиони евра, односно
дури 9 милиони евра повеќе“, праша Наум Стоилковски од таа партија.

Минатиот договор за сајбер одбрана,
пак, го потпиша претходниот
генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, непосредно пред да ја напушти
функцијата.

Инаку, во октомври лани пишувавме дека Владата ја исплати
последната голема транша од договорот за софтверски лиценци. Тогаш на Крејон
Македонија му беа исплатени 5 милиони
евра, односно попрецизно 308.671.300 денари, според објава од Отворени
Финансии. Во 2021 година му биле префрлени 284.792.300 денари, а во ноември
2020 првата поголема сума била 259.286.327 денари. Во меѓувреме се
исплаќани повеќе помали суми, што вкупната се заокружува на околу милијарда
денари.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy