Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СИТЕ САКААТ ДА БИДАТ „ФРИЛЕНСЕРИ“ – Кои се предностите на  „гиг“ економијата
Економија

СИТЕ САКААТ ДА БИДАТ „ФРИЛЕНСЕРИ“ – Кои се предностите на „гиг“ економијата

01/12/2023

AA

Традиционалната работа „од 9 до 5“ се повеќе станува
минато, како концепт кој го заменуваат новите форми на професионален ангажман,
со работа на проекти за различни клиенти, во различни делови од светот, без да
зависите од локалниот пазар на труд.

За подемот на т.н.
фриленсерство во Македонија разговараме со Моника Ризовска Таневска,
претседател и амбасадор на Woman in tech Macedonia и маркетинг консултант со
долгогодишно искуство, особено со фокус на личното брендирање на
професионалците и поддршка на стартап еко-системот.

„Гиг” економијата е
нова форма во која луѓето работат на одредени зделки и проекти или одредена
работа што е дополнителна, меѓутоа потоа знае да прерасне и во подолгорочна
професија. Верувам дека станува тренд самото фриленсерство, го имаме прифатено
оној светски тренд каде младите луѓе се почесто бираат што ќе работат, имаат
тенденција да изберат професија која што ќе им овозможи поголема слобода во
движење  и нормално поголема слобода да
си бираат и самите на што ќе работат 
точно, каков тим ќе имаат и каков ангажман ќе прифатат, вели таа.

Финансиската едукација на фриленсерите е многу важна,
бидејќи тие се соочуваат со многу предизвици за тоа како да поднесат даночна
пријава, како да располагаат со заработените средства и на некој начин треба да
размислуваат да функционираат како една микро фирма.

„Тоа дека си
фриленсер тоа значи дека ти си микро претприемач у мора да знаеш повеќе работи
што се сеопфатни за било кој бизнис. Од самото менаџирање до наоѓање на нов
клиент, до промовирање да го најдеш самиот тој клиент, до самото менаџирање
како тоа да се наплати, и нормално сето тоа да биде легално и финасиски, се е
во рацете на фриленсерот“, смета Моника.

Еден од првите чекори да се стане фриленсер е да се
надмине стравот од наоѓање клиент или проект, но штом тргне работата, тогаш
може да дојде и до прегорување во обид да се задржи активно темпо.

„Секој почеток е
реално тежок. Многу од фриленсерите кога ќе започнат да наоѓаат втора, трета
зделка, доаѓаат до момент каде што, бидејќи во моментот на почетокот се нашле
со предизвици да најдат зделки, секоја наредна зделка ја прифаќаат срдечно,
затоа што имаат страв дека можеби понатаму нема да добијат одредена зделка или
проект. Се случува степен каде што има и дури преголемо прифаќање на проекти, и
тие потоа што потешко се менаџираат“, дополнува таа.

Меѓу главните придобивки на работењето на проекти е
можноста за стекнување искуство и поминување на неопходниот период на
практикантска работа, искуство кое може да биде клучно за развивање на професионалната
биографија и потоа наоѓање подобро платена работа или пак поквалитетни клиенти.

„Верувам дека секој
треба да испроба да биде фриленсер, особено оние млади кои што започнуваат во
полиња на технологија. Сите знаеме колку е тешко на почетокот да најдеш, да
здобиеш прво работни искуство, фриленсерството е добар начин дури и од
средношколски клупи, од факултетски денови, да здобиеш работно искуство и
навистина си спремен со одредени вештини што многу тешко може да ги добиеш
доколку ги немаш“, сметаа таа.

Во подем е и личното брендирање на професионалците и
фриленсерите, како и нивно поврзување преку социјалните мрежи.

„Многу е битно секој
од фриленсерите да научи како да се промовира себеси, значи како да си го
оддржува својот брендинг, затоа што сите знаеме дека, каква слика оставаме може
долгорочно да ни помогне да правите клиенти и правите луѓе нас не наоѓаат
полесно. Да го оддржуваш својот личен бренд не е веќе опција, туку е прашање на
тоа дека треба добро да го менаџираш, затоа што сите знаеме дека и да не го
менаџирате тој личен бренд, луѓето си создаваат одредена слика за вас“,
заклучува Моника Ризовска Таневска.

Х.С.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор

08/11/2026
Македонија

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од

08/11/2026
Македонија

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ

08/11/2026
Македонија

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА

08/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени

08/11/2026
Македонија

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА

08/11/2026
Македонија

СДСМ СОЗДАВА ЛАЖЕН НАРАТИВ ЗА ЕСМ Платите не доцнат, туку

08/11/2026
Македонија

СДСМ И ВЕНКО ПРВО ДА НАУЧАТ КОЈ Е НАДЛЕЖЕН ЗА

08/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46658
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор на Торакална

08/11/2026

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од Врапчиште доби пријава по расправија

08/11/2026

Двегодишно дете било однесено во Швајцарија без знаење и согласност на неговата мајка, откако таткото претходно се скарал со сопругата.

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ ИМИЊА“ На протести во Скопје

08/11/2026

Со пораките „Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“ и „Не бараме сочувство, бараме одговорност“ граѓани и активистки во Скопје

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy