
Шест активни пожари во Македонија – четири под контрола, единаесет изгаснати
Според добиените податоци, во земјава денес (до 18.30 часот) се евидентирани вкупно 21 пожар на отворен простор, информираат од ЦУК.
6 се активни,
4 се под контрола,
11 се изгаснати.
АКТИВНИ ПОЖАРИ:
Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планините Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација);
Општина Чучер Сандево – кај Делеководите (шума);
Општина Прилеп – с. Бешиште, место викано Бешишки Рид (мешана шума);
Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума);
Општина Теарце – с. Теарце (ниска вегетација);
Општина Штип – с. Драгоево и с. Селце (нискостеблеста шума – прнар и сува трева).
ПОЖАРИ ПОД КОНТРОЛА:
Општина Прилеп – помеѓу с. Царевиќ и с. Смолани, место викано Радобилски Рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација);
Општина Македонски Брод – с. Латово, м.в. Маркова Стапалка (грмушки и сува трева);
Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и сува трева);
