
„ШЕЛ“ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Во три земји имало слаба заработка
Тројца од најголемите британски снабдувачи со електрична енергија веќе покажаа интерес да го преземат малопродажниот бизнис на Шел во Велика Британија.
Британско-холандскиот нафтен гигант „Шел“ објави дека се повлекува од малопродажбата на енергија во Велика Британија, Германија и Холандија поради слабата заработка, очекувајќи договор со потенцијалните купувачи во наредните месеци.
Не долго откако го презеде кормилото на Шел, извршниот директор Ваел Саван започна стратешки преглед на малопродажниот бизнис во Европа во јануари, наведувајќи ги „тешките пазарни услови“ како причина, потсетува Ројтерс.
„Таа анализа сега е завршена, а резултатот е нашиот план за повлекување од тие бизниси. Процесот на продажба е веќе во тек, со намера во наредните месеци да се постигне договор со потенцијален купувач“, објави Шел.
Деловните активности на големо нема да бидат дел од продажбата
Големопродажниот бизнис со продажба на енергија на компаниите и снабдувањето со мали и средни компании под брендот „Шел енерџи“ и малопродажбата на енергетски производи за домаќинствата на локации надвор од Европа нема да бидат дел од потенцијалната продажба, додава „Шел“.
Ројтерс минатиот месец објави дека три од најголемите британски снабдувачи со електрична енергија покажале интерес да го преземат малопродажниот бизнис на Шел во Велика Британија.