Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ УШТЕ ЗЕМА 88 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ, А ГРУБИ НЕШТО НАД 70 – каде „заглавија“ новите министерски плати и кој не си ја заврши работата
Економија

ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ УШТЕ ЗЕМА 88 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ, А ГРУБИ НЕШТО НАД 70 – каде „заглавија“ новите министерски плати и кој не си ја заврши работата

07/06/2023

AA

Дојде и јуни, министрите зедоа уште
една „мрсна“ функционерска плата, но на веб стграницата на Владата се уште не може
да се види колкави се точно нивните нови примања.

На таа веб страница, токму во делот
Отворена Влада, за каква што се претставуваат нашите власти, и натаму стојат
старите министерски плати, според кои премиерот Димитар Ковачевски се уште зема
88.260 денари, а првиот вицепремиер Артан Груби, пак, добива 70.478 денари…
И така со ред, а највисока е онаа на министерот за внатрешни работи, Оливер
Спасовски, каде го има и додатокот за ризик, и која тежи 86.324 денари.

Ова воопшто не е точно, туку, како што
знаеме, министерските плати се зголемија за 78 отсто по одлуката на Уставниот
суд, но никој се уште не знае колкав е нивниот износ.

Се останува на добрата волја на некои
министри, кои во јавноста одговорија на новинарски прашања колкави се нивните
моментални месечни приходи откако го добија зголемувањето, а за кое, како што
тврдеа од Владата, не се „виновни“, туку тоа било одлука на Уставниот суд, која
тие, мора да ја почитуваат.

Фактор вчера повторно праша во Владата,
како и еден месец претходно, кога ќе се ажурираат податоците во делот за
министерските плати, а прашавме и зошто и после два месеци, примањата на
членовите на Владата се уште не се обновени, и каде се крие проблемот што не
може да се објават новите валидни податоци.

Го добивме следниов одговор.

“Платата за функционерите, како и за вработените во Владата на Република Северна Македонија ја изготвува Службата за општи и заеднички работи.

Во тек е ажурирање на податоците на именуваните лица на Владата на Република Северна Македонија за висината на платата на функционерите, по што јавноста ќе биде информирана”, се вели во одговорот кој го добивме од Владата.

Неофицијалното објаснување, пак, е
дека тоа се уште не можеле да го реализираат информатичарите вработени во
Владата, односно дека поради нив дошло до доцнењето. Се уште нема одговор кога
ќе бидат објавени новите плати.

На почетокот на мај Фактор пишуваше на
оваа проблематика, и ја прашавме
и тогаш Владата, зошто ги нема новите бројки. Оттаму тогаш информираа дека работат на изработка на нов
Закон за плати во јавен сектор, во кој, како
што рекоа, ќе се предвиди
структуриран и конзистентен пристап во пресметката и исплатата на плати на сите
вработени во јавниот сектор и на избрани и именувани функционери во државата.

Тогаш од Владата за Фактор изјавија дека „во тек е ажурирање на податоците на
именуваните лица на Владата на Република Северна Македонија за висината на
платата на функционерите, по што јавноста ќе биде информирана“.

Но, како што може да се заклучи, тоа ажурирање е се уште
во тек, па се поставува прашањето дали за 21 лице кои се вработени како
министри во Владата, толку е тешко да се видат новите плати, па таа постапка
треба да трае веќе два мнесеци.

Се уште нема, исто така, ни трага ни глас од новиот закон за плати во јавен сектор, со кој, како што претходно се кажуваше, ќе се намалат тие енормно високи примања.

Во меѓувреме, еден од владините членови што беше
расположен да ја обзнани својата плата, е вицепремиерот за економски прашања,
Фатмир Битиќи, кој податокот без проблем го даде на барање на новинарите. Битиќи
наведе дека сега добива 125.000 денари основна месечна нето плата. Со додатокот
за минат труд, старата нето-плата на вицепремиерот, според она што е објавено
на сајтот на Владата, изнесувала 71.762 денари.

„Основната
плата е слична на сите министри, тој е коефициент кој го добиваме. Изнесува
125.000, а со додатоците е 127.000 денари. Но, треба да кажам дека јас само
четири години сум во политиката и доаѓам од приватниот сектор, каде што исто
така имав достоинствена плата“,
рече Битиќи.

Министерот
за финансии, пак, Фатимир
Бесими потврди
дека за април годинава му
е исплатена плата повисока за 78 отсто, согласно одлуката на Уставниот
суд. Како што информира на средбата со новинарите, досегашната плата му
била 71.145 денари, а за април му се исплатени 125.960 денари.

Министерот за внатрешни работи, пак,
Оливер Спасовски, во
јавноста соопшти дека неговата нова плата, по одлуката на Уставниот суд,
изнесува „околу 153 илјади денари“.Спасовски
е најплатен министер поради додатокот за ризик кој го добива и единствен со
таква „привилегија“ во кабинетот на Ковачевски.

Вицепремиерот
Артан Груби, пак,
своевремено изјави дека е добро што одлуката на Уставен суд не важи
ретроактивно, бидејќи така ќе требало на министрите да им се исплати надоместок
за сите изминати години на замрзнати плати. Тој рече дека и порано, а и сега, има најмала плата од сите негови
колеги во Владата. Мминистерот
за земјоделство, пак, Љупчо
Николовски, во една своја изјава рече дека не знае колкава му е платата, бидејќи
„во Брисел ги изгубил
картичките“.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Венко Филипче може да биде само чувар на јахтата во

25/09/2026
Македонија

ПАРТИЈАТА НА ФИЛИПЧЕ Е ВО ИЗУМИРАЊЕ Се противат на рудници,

25/09/2026
Македонија

68-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ПО ПОЖАРОТ ВО РАДОВИШКО Полицијата вели дека го

25/09/2026
Македонија

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СРЕДНИОТ КОРИДОР Е УШТЕ

25/09/2026
Македонија

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СПОРО СЕ ГРАДИ Вигенин

25/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е МЕЃУ НАЈУБАВИТЕ ЗЕМЈИ ШТО СУМ ГИ ВИДЕЛ, РЕКЛАМИРАЈТЕ

25/09/2026
Македонија

УНИШТЕНИ 202 ЛИТРИ, ОДНОСНО КИЛОГРАМИ СЛАДОЛЕД И МРАЗ Контролирани 560

25/09/2026
Македонија

ЕВРОПСКИОТ ПАТ НА СКОПЈЕ ТРЕБА ДА СЕ РАЗГЛЕДУВА ВО ЕВРОПСКИТЕ

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45796
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Венко Филипче може да биде само чувар на јахтата во зимскиот период

25/09/2026

Крајно време е Венко Филипче да си замине од СДСМ. Она што луѓето од Платформата 12.05 одлучно и јавно му

ПАРТИЈАТА НА ФИЛИПЧЕ Е ВО ИЗУМИРАЊЕ Се противат на рудници, дата центри, на сè што

25/09/2026

  Венко Филипче со јавните настапи изгледа очајно, а партијата му е во изумирање, па затоа нека се посвети малку

68-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ПО ПОЖАРОТ ВО РАДОВИШКО Полицијата вели дека го признал делото

25/09/2026

68-годишен жител на радовишко Калаузлија е приведен под сомнение дека подметнал пожар во атарот на селото. А.А. бил лишен од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy