
Шабан Салиу излегува од притвор – доби мерки за претпазливост
Актуелниот министер во Владата, Шабан Салиу, излегува од притвор откако истиот му е заменет со мерки на претпазливост.
Салиу беше приведен на 24 април 2025 година по налог на Обвинителството, поради сомневања поврзани со неговото претходно раководење со Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), за периодот од 2008 до 2017 година, во контекст на истрагата за трагедијата во Кочани.
Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува, додека Салиу ќе се брани од слобода.