Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Северна Македонија и Меѓународната организација на трудот потпишаа нова програма за соработка за достоинствена работа
Македонија

Северна Македонија и Меѓународната организација на трудот потпишаа нова програма за соработка за достоинствена работа

04/07/2023

AA

Меѓународната организација на трудот (МОТ), Владата, синдикатите и организациите на работодавачите ја усвоија новата Национална програма за достоинствена работа, што ќе се спроведува до крајот на 2025 година. Креирање на повеќе и подобри работни места, подобрени изгледи за вработување на младите жени и мажи, како и инклузивен пазар на труд преку натамошно унапредување на социјалниот дијалог, се клучните приоритети на чие остварување во наредните три години заеднички ќе продолжат да работат партнерите кои го сочинуваат социјалниот дијалог.

„И покрај големите предизвици со кои се соочи целата земја, нејзините граѓани и економијата, поврзани со влијанието на пандемијата, војната во Украина и енергетската криза, сепак успеавме да направиме сериозен исчекор во унапредување на трипартитниот социјален дијалог со синдикатите и организациите на работодавачи, особено во рамки на Економско-социјалниот совет. Благодарение на ваквата соработка, се донесоа одлуки кои имаа значително влијание врз обликувањето на националните економски и социјални политики. Крајните ефекти од ваквите одлуки и политики, особено врз намалувањето на невработеноста и зголемувањето на минималната и просечната плата, несомнено се резултат и на посветеноста и волјата за соработка на сите социјални партнери“, истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Новата Национална програма за достоинствена работа во суштина се надоврзува и ги поддржува националните развојни приоритети утврдени во Националната стратегија за вработување 2021-2027, Програмата за економски реформи 2023-2025, Планот за спроведување на Гаранцијата за млади 2023-2026 и Акцискиот план на Економско-социјалниот совет 2023-2025 година.

„Од нејзината независност, Северна Македонија постигна напредок во економскиот развој и подобрувањето на животниот стандард на граѓаните. Сепак, земјата доживува една од најбавните конвергенции на приходите со ЕУ во споредба со другите земји од Западен Балкан. Подобреното учество на пазарот на трудот ќе биде од клучно значење за да се постигне нивото на ЕУ. Поддршката на МОТ има за цел да создаде повеќе можности за вработување, особено за младите, да ја зголеми продуктивноста и платите, да се бори против дискриминацијата, како и со насилството и вознемирувањето на работното место и да го зајакне гласот на социјалните партнери “, порача Маркус Пилграм, директор на МОТ за Централна и Источна Европа.

Покрај МОТ, својот потпис на новата тригодишна Програма за достоинствена работа го ставија и претставниците на организациите кои учествуваат во трипартитниот социјален дијалог –  Владата на Република С. Македонија, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС), Бизнис Конфедерацијата на Македонија (БКМ), Унијата на независни и автономни синдикати на Македонија (УНАСМ) и Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ).

„Охрабрени сме од фактот дека целите што треба да се постигнат со реализацијата на новата Национална програма за достоинствена работа се надоврзуваат со напорите на Владата за остварување на Целите на одржливиот развој, утврдени во Стратегијата на Обединетите нации за периодот од 2021 до 2025 година. Оттаму, веруваме дека усвојувањето

 

и реализацијата на оваа Програма ќе придонесе за подобрување на животниот стандард на сите луѓе во Северна Македонија, преку еднаков пристап до достоинствена работа и продуктивно вработување генерирани од инклузивен и иновативен деловен екосистем“, посочи Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите нации во Северна Македонија, поздравувајќи го усвојувањето на новата Национална програма за достоинствена работа.

Со своето постојано присуство во земјата од 2009 година и преку Националните програми за достоинствена работа, Меѓународната организација на трудот ги поддржува партнерите кои учествуваат во социјалниот дијалог на национално и локално ниво во надминувањето на предизвиците поврзани со реформите на трудовото право, социјалниот дијалог и невработеноста. Во последниве неколку години МОТ активно работи на промовирање на социјалниот дијалог како клучен инструмент за унапредување на економската и социјалната кохезија, доброто управување и создавањето повеќе и подобри работни места. Покрај тоа, МОТ е единствениот институционален партнер на Северна Македонија во воведувањето и спроведувањето на Гаранцијата за млади.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ ги потврди одлуките на ИК за нови

10/06/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова по средбата со Јотова: Уставните измени не се единствениот

10/06/2026
Македонија

Избрани нови претседатели на општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ

10/06/2026
Македонија

Нестабилно време: Пороен дожд, грмежи и локална нестабилност во неколку

10/06/2026
Македонија

Д-р Дохчев: Органодарителството е најголема вредност за човештвото

10/06/2026
Македонија

Општина Тетово алармира: Лажно известување циркулира меѓу граѓаните кај булеварот

10/06/2026
Македонија

Две лица приведени од вкупно седум пријави за семејно насилство

10/06/2026
Македонија

Ангелова: СДСM не може да ги поднесе резултатите на министерот

10/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43697
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ ги потврди одлуките на ИК за нови претседатели на комитети и донесе

10/06/2026

На вечерашната седница на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ беа потврдени одлуките за новите претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, дополнително беа усвоени

Сиљановска-Давкова по средбата со Јотова: Уставните измени не се единствениот услов од Софија, во игра

10/06/2026

Вклучувањето на Бугарите во македонскиот Устав не е единствената пречка за тргање на ветото и почеток на преговорите со ЕУ.

Избрани нови претседатели на општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ

10/06/2026

На денешната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донесени кадровски решенија за повеќе од 30 претседатели на општинските комитети,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy