
СЕСТРИЧКАТА НА ДЕТЕТО-УБИЕЦ БИЛА ВО ШКОЛОТО ЗА ВРЕМЕ НА МАСАКРОТ: Знае што се случило и не престанува да плаче, еве каде е сега
Десетгодишната
сестричка на Коста Кецмановиќ, тинејџерот кој вчера уби осум соученици и
вработенот од обезбедувањето, за цело време на масакрот била во училиштето
„Владислав Рибникар“.
Девојчето во
придружба на психолози и социјални работници е префрлено во семејството на
блиски роднини, каде ќе престојува следните неколку дена.
– Помладата
сестра на момчето-убиец е во многу тешка состојба, не престанува да плаче, била
на училиште кога се случило сè и знае сè… Префрлена е во
семејството на блиски роднини каде ќе остане извесно време. Обезбедена и
е стручна поддршка од психолози, педагози и лекари – соопштија од надлежната
социјална служба.
ФОТО: Twitter
