Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сергеј Самсоненко и мајка му на Орце Камчев на црната листа на САД
Македонија

Сергеј Самсоненко и мајка му на Орце Камчев на црната листа на САД

16/11/2023

AA

Сергеј Самсоненко, неговата сопруга Ирина и Ратка Куновска Камчева, мајката на веќе назначениот Орце Камчев се ставени на американската црна листа каде им се придружија на Рамиз Мерко, Никола Груевски, Сашо Мијалков. Одлуката е објавена попладнево, на веб сајтот на Американското Министерство за финансии. На листата се ставени и компаниите Систина Лајф Кеар Центар, Орка Холдинг, Бет сити, Орка Фајнанс, Камчев консалтинг. Самсоненко, Ирина и Камчева се именувани согласно извршната наредба 14033 на американската администрација поради „материјално помагање, спонзорирање или обезбедување на финансиска, материјална или технолошка поддршка, како и стоки и услуги за поддршка на Јордан Камчев, кој веќе е ставен на црната листа на САД. Основата за ставањето на црна листа за брачната двојка Самсоненко и мајката на Камчев се трансакциите опфатени со случајот Парцели на Водно, во кој Русинот сведочеше, а Камчева со синот Орце беше обвинета за перење на пари, објави Телма.

Во 2021 година, Самсоненко извршил исплати на неговата сопруга Ирина. Во истиот период, Ирина префрлила пари на Камчев Консалтинг Скопје ДООЕЛ (Камчев Консалтинг) и Орка Фајнанс Скопје ДООЕЛ (Орка Фајнанс); двете компании се поврзани со Ратка Камчева. Исто така, во истиот временски период, парите што им беа префрлени на Камчев Консалтинг и Орка Фајнанс беа искористени за плаќање на заем поврзан со Орка Холдинг АД (Орка Холдинг), компанија поврзана со Јордан Камчев. Дополнително, Самсоненко и Ирина ја купија фирмата Систина Лајф Кеар Сентар Скопје ДООЕЛ (Систина Лајф Кеар Сентар), друг субјект вмешан во судскиот процес „Парцели на Водоно“, од Камчев и Камчева. Конечно, Бет Сити Интернационал ДОО Скопје (Бет Сити), спортска обложувалница, половина е во сопственост на Самсоненко, а половина сопственост на Орка Холдинг, чиј директор е СДН Јордан Камчев.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се укинува пресудата за Ласкарци, предметот се враќа на ново

10/09/2026
Македонија

Приведен помошникот директор на Царинската управа, си земал над 17

10/09/2026
Македонија

Врховен ја укина пресудата, Стевче Јакимовски излегува од затвор

10/09/2026
Македонија

Пет активни пожари низ Македонија

10/09/2026
Македонија

Помошник директор во Царина затекнат при примање обележани 17.500 евра

10/09/2026
Македонија

Бугарија запре 9,5 тони пиперки од Македонија – пронајдени зголемени

10/09/2026
Македонија

Вардар казнет со 3.000 евра и еден меч без публика

10/09/2026
Македонија

12 возачи приведени за безобѕирно управување, 11 немале положено возачки

10/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45619
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се укинува пресудата за Ласкарци, предметот се враќа на ново судење

10/09/2026

Врховниот суд ја уважи вонредната ревизија и ја укина пресудата на Апелациониот суд Скопје Советот за казниви дела при Врховниот

Приведен помошникот директор на Царинската управа, си земал над 17 илјади евра за да помогне

10/09/2026

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при

Врховен ја укина пресудата, Стевче Јакимовски излегува од затвор

10/09/2026

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја укина правосилната пресуда против Стевчо Јакимовски од Скопје и предметот го врати на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy