Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЕПАК НЕ ДОБИЈА СИТЕ ГРЕЕЊЕ: Еве каде нема услови за испорака
Економија

СЕПАК НЕ ДОБИЈА СИТЕ ГРЕЕЊЕ: Еве каде нема услови за испорака

15/10/2024

AA

Од денеска почна грејната сезона 2024/2025 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во Скопје, управуван од АД ЕСМ. Минатата грејна сезона во 225 објекти не беа обезбедени потребните услови за испорака на топлинска енергија, сега тој број е двојно помал, односно во 96 објекти сè уште не се обезбедени услови за испорака, информираат попладнево од ЕСМ.

– Од нив, во 57 објекти има дефекти во внатрешната инсталација, во 20 објекти нема пристап до топлинските станици, а во 19 објекти – топлинските станици немаат електрично напојување. Потрошувачите и заедниците на сопственици се замолуваат што побрзо да ги отстранат дефектите на внатрешните грејни инсталации и да обезбедат непречен пристап до топлинските станици, како и континуирано напојување со електрична енергија. Ова вклучува плаќање на сметките за електрична енергија за топлинските станици и одржување на функционална електрична инсталација, се истакнува во соопштението.

Потенцираат дека оваа година, првпат споредбено со претходните години, се бележи најнизок број затворени објекти на почетокот на грејната сезона. 

– Ова се должи, пред сè, на соработката од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици, како и на заложбата на новите раководства на компаниите основани од АД ЕСМ, особено ЕСМ дистрибуција, што имаше клучна улога во продуктивната и постојана комуникација со корисниците, се додава во соопштението.

Се советува пред да се пријави дефект или рекламација во Центарот за грижа на потрошувачи, да се провери дали објектот е на списокот на моментално затворени објекти, што немаат услови за испорака на топлинска енергија. Листата, како што се посочува, е достапна на esm-snabduvanje.mk.

– Соработката на потрошувачите и заедниците на сопственици е од клучно значење за навремена и квалитетна испорака на топлинската енергија и во интерес на сите засегнати страни. За информации, пријави на дефекти или известувања за завршени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100, велат од АД ЕСМ.

Испораката на топлинска енергија до потрошувачите ќе се врши во периодот од шест до 22 часот, „следејќи строго утврдени правила и дијаграми во зависност од атмосферските услови и надворешните температури“.

– Според овие правила, во октомври и првата половина од ноември, кога временските услови се променливи, снабдувањето со топлинска енергија ќе зависи од температурата на воздухот и атмосферските услови во различни периоди од денот. Притоа, доколку надворешните температури се пониски, се испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно, така што корисниците имаат обезбеден комфор и загреани домови согласно стандардите, односно температури во домовите не пониски од 20 односно 21 степен Целзиусов. Во исто време, со овие правила и дијаграми на испорака се обезбедува оптимална потрошувачка на топлинска енергија и минимални можни трошоци за греење на корисниците. При точно дефинирани одредени атмосферски услови, кога надворешните дневни температури ќе достигнат одредени гранични вредности, се врши прекин на испораката на топлинската енергија, односно системот за централното греење се исклучува, а веднаш по намалувањето на надворешните температури под определените вредности по направениот дневен прекин на испорака на топлинска енергија, кога надворешните дневни температури ќе се под одредени гранични вредности, се стартува со испорака на топлинска енергија, т.е. централното греење повторно се вклучува, посочуваат од АД ЕСМ.

Од вкупно 62.579 активни потрошувачи приклучени на централното греење преку ЕСМ, 61.486 се домаќинства, а 1.093 се деловни објекти и институции, додека околу 1.980 потрошувачи се снабдуваат преку подружницата ЕСМ-Енергетика.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЈА КИДНАПИРАЛ, ЈА ЗАТВОРИЛ, ЈА ТЕПАЛ, Ѝ НАНЕЛ ТЕШКИ ПОВРЕДИ

16/11/2026
Македонија

„СЕЦИРАЊЕТО“ НА БУЏЕТОТ ЗА 2027 ЌЕ ПРОДОЛЖИ В СРЕДА Еве

16/11/2026
Македонија

ОСТАНУВАМЕ ПОСВЕТЕНИ НА ПАТОТ КОН ЕУ И ПОКРАЈ УСЛОВУВАЊАТА Мицкоски

16/11/2026
Македонија

ЌЕ СТОРИМЕ СÈ СТОРИТЕЛОТ ДА ОДГОВАРА ПРЕД ПРАВДАТА Мицкоски со

16/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА БИДЕ ПРЕДВОДНИК ВО ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ Вајц

16/11/2026
Македонија

ДУИ ГО ОВОЗМОЖИ ВЛЕЗОТ НА АЛТА БАНКА ВО МАКЕДОНИЈА Непријатни

16/11/2026
Македонија

„ВЛИЈАНИЈА ИМАЛО И ЌЕ ИМА, ПРАШАЊЕ Е КАКО ЌЕ СЕ

16/11/2026
Македонија

МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ГИ ПОВИКА ИНСТИТУЦИИТЕ ДА ПОСТАПУВААТ БЕЗ ДВОЈНИ

16/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46795
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЈА КИДНАПИРАЛ, ЈА ЗАТВОРИЛ, ЈА ТЕПАЛ, Ѝ НАНЕЛ ТЕШКИ ПОВРЕДИ Поднесено обвинение и побаран притвор

16/11/2026

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против 31-годишниот охриѓанец осомничен за напад врз неговата девојка товарејќи го за три кривични

„СЕЦИРАЊЕТО“ НА БУЏЕТОТ ЗА 2027 ЌЕ ПРОДОЛЖИ В СРЕДА Еве што беше кажано на денешната

16/11/2026

Предлог-буџетот за 2027 година ги спротивстави ставовите на власта и опозицијата на собраниската Комисија за финансирање и буџет. За владејачкото

ОСТАНУВАМЕ ПОСВЕТЕНИ НА ПАТОТ КОН ЕУ И ПОКРАЈ УСЛОВУВАЊАТА Мицкоски на форум во Брисел

16/11/2026

Македонија е силно фокусирана на спроведувањето на реформската агенда, посветено работи на модернизација на институциите и е целосно усогласена со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy