Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Семејството на 37-годишната Елена Ѓорѓиевска обвинува за лекарска грешка – починала по две операции на дигестивна хирургија
Македонија

Семејството на 37-годишната Елена Ѓорѓиевска обвинува за лекарска грешка – починала по две операции на дигестивна хирургија

10/11/2025

AA

„Знам дека со ова јас нема да ја вратам назад помеѓу живите, помеѓу нас, но ова го ветив – ќе одам до крај, поради тие две мали деца што ми ги остави во аманет…“ – изјави за Канал 5 Ирена Димовска, свекрва на починатата 37-годишна Елена Ѓорѓиевска од Скопје.

Како што пренесува Канал 5, младата жена, која боледувала од Кронова болест, била подложена на две операции во Државната клиника за дигестивна хирургија, а починала пред една недела – на истиот ден кога била испуштена од болница.

Семејството обвинува дека лекарска грешка и негрижа ја довеле Елена до смрт, откако со недели била на болничко лекување. Според блиските, дури и првичната проценка за оперативниот зафат била погрешна, а дополнителен проблем настанал кога хирургот кој ја извршил првата операција заминал на патување во САД, без да ја делегира понатамошната одговорност на друг специјалист. Грижата за пациентката, велат тие, им била препуштена на специјализанти.

„Вината се гледа во докторската грешка – од почеток до крај. Не е во ред. Колку пациенти беа оперирани од таа болест и си заминаа здрави, само Елена не“ – велат од семејството.

Според телевизијата, семејството ја доставило целата медицинска документација – без отпусното писмо – до Државниот здравствен и санитарен инспекторат, од кој очекуваат целосна истрага.

Од Инспекторатот за Канал 5 потврдиле дека ја добиле пријавата и најавиле вонреден инспекциски надзор.

Во телефонски разговор за истата телевизија, директорот на Дигестивната клиника, Огнен Костовски, изјавил дека е запознаен со случајот и дека ќе биде формирана внатрешна комисија за да се испита стручноста на постапувањето.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Аларм во Охрид: Водата во Елшани и Велестово небезбедна за

29/07/2026
Македонија

Армијата нема да се повлече од Гостивар додека трае потребата

29/07/2026
Македонија

Водата во Гостивар сè уште не е за пиење поради

29/07/2026
Македонија

Уште 300 специјализанти ќе добијат работа до крајот на годината,

29/07/2026
Македонија

Двајца скопјани измамени за над 2,3 милиони денари со лажна

29/07/2026
Македонија

Се намалува бројот на заболени во Гостивар, властите очекуваат смирување

29/07/2026
Македонија

Полициски службеници спасија две девојки кои со СУП даски ветерот

29/07/2026
Македонија

Обид за шверц на цигари вредни милиони спречен на ГП

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44740
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Аларм во Охрид: Водата во Елшани и Велестово небезбедна за пиење

29/07/2026

Водата од изворите во охридските села Елшани и Велестово привремено не смее да се користи за пиење, откако лабораториските анализи

Армијата нема да се повлече од Гостивар додека трае потребата

29/07/2026

Армијата ќе продолжи да обезбедува поддршка за жителите на Гостивар и во наредниот период, а ангажманот ќе трае сè додека

Водата во Гостивар сè уште не е за пиење поради новооткриена бактерија во инсталациите

29/07/2026

Водата во Гостивар засега останува наменета исклучиво за техничка употреба, бидејќи во водоводната мрежа е детектирана резидуална бактерија која се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy