Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Семејствата на загинатите во „Пулс“ со остра реакција на барањето на адвокатката Коцевска за куќен притвор за Дејан Јованов – Деко
Македонија

Семејствата на загинатите во „Пулс“ со остра реакција на барањето на адвокатката Коцевска за куќен притвор за Дејан Јованов – Деко

20/04/2026

AA

Семејствата на загинатите млади лица остро реагираа по денешното барање на адвокатката Ивана Коцевска за олеснување на мерките куќен притвор за првообвинетиот Дејан Јованов – Деко, оценувајќи го како навреда за нивната болка и понижување на споменот на нивните деца.

Во јавната реакција, тие посочуваат дека додека семејствата секојдневно се соочуваат со загубата и празнината во домовите, наместо одговорност гледаат обиди за избегнување на последиците од трагедијата.

Особено загрижува, велат, фактот што кај дел од обвинетите веќе било одобрено олеснување на мерките, што создава чувство дека случајот се минимизира и дека човечките животи се ставаат во втор план.

„Додека ние стоиме над гробовите на нашите деца, некој бара полесни услови. Додека ние секој ден ја преживуваме истата ноќ, некој бара удобност“, се наведува во реакцијата.

Семејствата упатуваат низа прашања до обвинетиот, меѓу кои и дали размислувал за жртвите и повредените, како и за последиците што трагедијата ги оставила врз нивните најблиски. Тие потенцираат дека загубата ја доживуваат 63 семејства, додека повеќе од 200 лица и понатаму се соочуваат со последиците од настанот.

Во реакцијата се изразува и очекување дека институциите ќе постапат согласно закон и ќе донесат одлуки врз основа на докази, без да се доведе во прашање правдата.

„Не бараме пресуда на улица. Бараме правда во судница и ќе ја бараме сè додека не ја добиеме“, порачуваат семејствата на загинатите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЛАДАТА БАРА ЈАСНИ ГАРАНЦИИ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВО ВЕТО

08/10/2026
Македонија

ВЛАДАТА Е ИЗБРАНА ЗА МАНДАТ ОД 4 ГОДИНИ, НО НЕ

08/10/2026
Македонија

СЛЕДУВААТ НЕКОЛКУ НЕСТАБИЛНИ ДЕНОВИ Во недела поројни дождови, во вторник

08/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ЛАЖЕ, ФОН ДЕР ЛАЈЕН ГО ДЕМАНТИРАШЕ СО ИЗЈАВАТА Реформите

08/10/2026
Македонија

ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА НА МОБИЛЕН ОД 28 ОКТОМВРИ

08/10/2026
Македонија

ЛОКАЦИЈАТА ЗА ДАТА-ЦЕНТАРОТ Е ИЗБРАНА, КАМЕН ТЕМЕЛНИК ДОГОДИНА Поплавата во

08/10/2026
Македонија

НЕ СЕ ТИЕ АЛТЕРНАТИВАТА, ТИЕ ЈА ВИТКАА КИЧМАТА Седум години

08/10/2026
Македонија

ХРВАТСКА, ШВАЈЦАРИЈА И РОМАНИЈА ПРИФАТИЛЕ РЕШЕНИЈА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ Николоски

08/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46069
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЛАДАТА БАРА ЈАСНИ ГАРАНЦИИ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВО ВЕТО Бугарија праќа мешани пораки за

08/10/2026

Бугарија ја упатува Македонија да го решава проблемот со уставните измени во Брисел, но кога македонската Влада ќе предложи разговори

ВЛАДАТА Е ИЗБРАНА ЗА МАНДАТ ОД 4 ГОДИНИ, НО НЕ СЕ ПЛАШИ ОД ИЗБОРИ Левица,

08/10/2026

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски при гостување на телевизијата Алсат М, прашан дали ќе има предвремени избори, уште еднаш повтори

СЛЕДУВААТ НЕКОЛКУ НЕСТАБИЛНИ ДЕНОВИ Во недела поројни дождови, во вторник снег на планините

08/10/2026

Времето во петок, 9 октомври, ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy