
Села спомена „дводомен Парламент“ – вели ВМРО-ДПМНЕ не може да има 61 пратеник!
Зијадин Села од Кичево рече дека Европскиот фронт е создаден за да ги спречи порочните умови на вистинските противници на Фронтот, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ заедно со Левица, пренесува ТВ21.
Села додаде дека Европскиот фронт е фронт кој им вели не на оние кои сакаат да го тргнат Бадентеровиот механизам и рече дека се подготвени да разговараат за овие механизми, но да ги унапредат, а не да ги враќаат назад.
Села вели дека доколку има потреба ќе формираат дводомно Собрание, и додава дека ВМРО нема да добие 60 пратеници туку 48 или помалку.
„Токму Европскиот фронт им вели не, еднаш засекогаш, на сите оние кои велат да се отстрани Бадентеровиот механизам како механизам за заштита кој е наменет за народите кои не се мнозинство. Фронтот е подготвен да зборува за овие механизми, но не да ги врати назад туку да ги унапреди“, рече Села.
