Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Секој трет Македонец против членство во ЕУ – 93% од Албанците се „ЗА“
Македонија

Секој трет Македонец против членство во ЕУ – 93% од Албанците се „ЗА“

28/05/2023

AA

Според последното истражување на јавното мислење кое за емисијата Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје 55,8 отсто од граѓаните би гласале позитивно доколку утре се одржи референдум за влез на Македонија во Европската Унија, додека една четвртина од анкетираните или 24,8 отсто би биле против.

Како што објавува Детектор, според оваа анкета 93,5 отсто од етничките Албанци би гласале за влез на Македонија во Европската Унија, а само 4,6 отсто против. Кај Македонците, 43,5 отсто од анкетираните се за влез на Македонија во ЕУ, а дури 31,5 отсто од анкетираните се против.

Анализата на последните три анкети кои емисијата Детектор на ТВ Сител ги спроведе во последните четири години покажува дека од 2019 година до денеска, поддршката значително опаднала. Ако во 2019, 67,4 отсто од анкетираните давале поддршка за членство во ЕУ, бројката во 2020 година паднала на 65,5 отсто за денеска да се спушти на 55,8 отсто.

Од 17,3 отсто колку што се противеле на членството во ЕУ во 2019 година, бројката скокнала на 24,8 отсто денеска што, како што посочуваат во Детектор, значи дека секој четврти граѓанин е против членство во Европската Унија.

Најголеми поддржувачи на зачленувањето во ЕУ се младите, а најголеми противници граѓаните меѓу 30 и 40 години.

Дури 42,1 отсто од анкетираните се на ставот дека земјава никогаш нема да стане дел од ЕУ, 16,1 отсто очекуваат членство во наредните 10 години, 14,3 отсто во наредните 15, а 8,7 отсто очекуваат да се зачлениме во наредните пет години. Само 1,7 отсто од анкетираните се оптимисти дека во ЕУ ќе се зачлениме идната година.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1.112 испитаници.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФИЛИПЧЕ СЕ СОКРИ НА БИХАЌКА ОТКАКО СЕ ОТКРИ ВИСТИНАТА ЗА

16/11/2026
Македонија

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ОХРИЃАНЕЦОТ КОЈ ЈА ПРЕТЕПА ДЕВОЈКАТА Судот му

16/11/2026
Македонија

ЗАГИНА Д-Р МАЛТИНА ФЕРАТИ ОД КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ТЕТОВО Таа е

16/11/2026
Македонија

МАЈКАТА НА ПРЕТЕПАНАТА САРА ОБВИНИ ДЕКА МОМЧЕТО САКАЛО ДА СЕ

16/11/2026
Македонија

ПРЕТЕПАНА ДЕВОЈКА ВО ОХРИД И ОСТАВЕНА НА УЛИЦА БЕЗ СВЕСТ

15/11/2026
Македонија

ДОАЃААТ ЈУЖНИ ВЕТРОВИ, СОНЦЕ И ПОВРЕМЕН ДОЖД Температурите ќе бидат

15/11/2026
Македонија

ПИЈАН ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ОД ПУШКА ОД СВОЈАТА КУЌА Полицијата го

15/11/2026
Македонија

САШКО КЕДЕВ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВИТЕ РЕКОРДИ Со 63 години ги

15/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46784
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФИЛИПЧЕ СЕ СОКРИ НА БИХАЌКА ОТКАКО СЕ ОТКРИ ВИСТИНАТА ЗА АЛТА БАНКА Ширеше хистерија, а

16/11/2026

Венко Филипче се сокри на Бихаќка откако се откри вистината за Алта банка, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ОХРИЃАНЕЦОТ КОЈ ЈА ПРЕТЕПА ДЕВОЈКАТА Судот му одреди мерки за претпазливост

16/11/2026

Охридската полиција поднесе кривична пријава против 31-годишниот охриѓанец К.К., кој е осомничен дека брутално ја претепал својата 26-годишна девојка, која

ЗАГИНА Д-Р МАЛТИНА ФЕРАТИ ОД КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ТЕТОВО Таа е една од двајцата загинати во

16/11/2026

Со емотивна порака и изрази на длабока тага, Клиничката болница во Тетово се прости од 43-годишната д-р Малтина Ферати, која

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy