Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Седум мрачни предвидувања на Украинците по востанието на Вагнер: „Русија може да се соочи со крвава војна на вооружените кланови“
Македонија

Седум мрачни предвидувања на Украинците по востанието на Вагнер: „Русија може да се соочи со крвава војна на вооружените кланови“

25/06/2023

AA

Бунтот на руската паравоена група Вагнер и нејзиниот водач Евгениј Пригожин против сопственото државно раководство во средината на војната против Украина откри „сериозни слабости“ во рускиот безбедносен систем, според западните експерти.

Ова е еден вид заклучок од бројните анализи ден по настаните што ја потресоа Русија како ретко кој друг настан по распадот на Советскиот Сојуз.

Генералниот став на западните аналитичари е дека ова не е крајот на приказната и дека многу брзо ќе следи некакво продолжение.

И Украина вчера и денеска нагласи дека рускиот претседател Владимир Путин ја загубил контролата.

Во синоќешното обраќање Владимир Зеленски рече дека бунтот на Вагнер покажал „целосен хаос“ во Русија, пренесува Index.hr.

„Денес светот виде дека руските функционери не контролираат ништо. Тоа е тотален хаос. Целосно отсуство на каква било предвидливост на руска територија, натоварена со оружје“, истакна украинскиот функционер.

Советникот во украинското Министерство за внатрешни работи, Антон Герашченко, на својот Твитер го објави можното расплетување на ситуацијата.

Евентуалното расплетување го подели на седум точки.

„1. Во Вагнер веќе почнаа поделби меѓу оние кои се чувствуваат искористени и оние кои му останаа лојални на Пригожин по неуспешниот бунт“, пишува Герашченко и продолжува:

„2. Пилотите на ловците, наводно, го напуштиле Вагнер поради нивното несогласување со начинот на кој вчера биле уништени авиони и хеликоптери на руските воздушни сили.

3. Се урна вертикалата на моќта.

Никој повеќе не може да се чувствува безбедно во Русија. Ниту функционери, ниту олигарси, ниту офицери на ФСБ кои мислеа дека се господари на животот. Путин вчера стави крај на монополот на насилство во Русија. Докажано е дека фракциите со повеќе оружје и одлучност одлучуваат за сè.

4. Русија може да се соочи со крвава војна, не со граѓанска, туку со војна на кланови, вооружени групи и приватни војски: Чеченци, поддржувачи на Пригожин, вооружени платеници, кои ќе се отцепат од Пригожин или други приватни војски и ќе бидат ангажирани од локални кланови за заштита од инвазија на надворешни лица.

Сите големи бизнисмени и олигарси веројатно ќе создадат (ако веќе не направиле) приватни војски, како што веќе направи Газпром за да се заштити.

Конфликтите и прераспределбата на имотот ќе се решаваат насилно. Ќе бидат новите 90-ти, но многу полоши – како во стилот на Mad Max и дистопискиот акционен филм.

5. Руската армија, се чини, де факто престана да постои како единствена структура. Војниците и офицерите кои седеа во рововите, во масакрот што го иницираше Путин, веројатно вчера конечно ја сфатија целосната бесмисленост на војната против Украина, заедно со фактот дека група криминалци во позадина можат да патуваат 600 километри на ден и да избришат извадат сè што ќе им се најде на патот, а потоа да бидат амнестирани по убиството на пилотот и цивилот.

6. Украина е неколку чекори поблиску до целосно враќање на нејзиниот територијален интегритет, вклучувајќи го и Крим.

7. Каква штета што овој циркус не заврши со самоуништување на режимот на Путин и фракцијата на Пригожин“.

„Но, верувам дека тоа ќе се случи повторно во уште поголем обем“, заклучува Герашченко.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy