
Седум лица загинаа во напад на бар во Мексико
Седум лица загинаа во вооружениот напад што се случи во барот „Ла Касита Азул“, во општината Вилахермоза, во Мексико, соопшти државното обвинителство (ФГЕ) Табаска.
Бидејќи државните власти не го објавија нападот, не се познати официјалните податоци за загинатите во нападот што се случи во ноќта на 4 јануари, објави мексиканскиот портал Инфобае.
ФГЕ прецизира дека во нападот се повредени пет лица.
Иако не се соопштува идентитетот на погодените лица, се наведува дека им била укажана лекарска помош поради повредите.
Исто така, надлежните констатирале дека нередовно работел барот „Ла Касита Азул“ каде што е извршено повеќекратното убиство.
Државното обвинителство започна истрага, пренесува Танјуг.
