Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Седнете пред да прочитате! Колку заработуваат нотарите?
Економија

Седнете пред да прочитате! Колку заработуваат нотарите?

28/06/2023

AA

Штембил, печати потпис злато вредни! Од заверки на документи прават профити од десетици и стотици илјади евра. За една година заработуваат да купат еден стан. Тоа се македонските нотари. Најуспешниот меѓу нив лани направил профит од 255.000 евра, а уште 4 негови колеги направиле добивки еднакви или поголеми од 200.000 евра. Просечната профитна маргина изнесува 30% од остварените приходи. Зошто државата дозволува толку високи награди за овие чиновници?

Нотарскиот занает злато вреди во Македонија! И повеќе од тоа. Нема еснаф што има „помрсни профити“ ако се анализираат финансиските извештаи во Централниот регистар. Какви банкари, менаџери, директори… нотарите во Македонија заработуваат убедливо најдобро од сите.

Кога од најголемите 20 нотарски канцеларии во Македонија дури 13 лани имаат профит што изнесува барем 30 отсто од приходите тогаш нема дилема дека нотарството е бонбона бизнис.

Најтешко е да се дојде до лиценцата за нотар. Тоа е како државна концесија. Потоа е песна. Треба да најдете стан во кој ќе поставите бироа и шкафови, да накупувате принтер, компјутери, хартија, фасцикли и секако неговото височество штембил или печат кој злато вреди. Се по закон и согласно со Уставот. А парата почнува да тече како луда. Заверка на еден лист хартија 150 денари.

Не ви треба маркетинг – државен монопол сте. Не ви треба бизнис стратегија – само отворете ги вратите на канцеларијата, клиентите сами доаѓаат. Се што треба е минимум љубезност онака од општа култура. Секако и фискална сметка, за се да биде по закон…

Според достапни податоци од сајтот на Нотарската комора во нашата земја активно работат помалку од 200 нотарски канцеларии. Условите за тоа кој се исполнува услови да стане нотар може да ги видите на следниот линк http://nkrm.org.mk/index.php/uslovi-za-imenuvanje-na-notar

Најголемите 20 нотарски канцеларии лани оствариле кумулативен приход од своите услуги во вредност од 6 милиони евра. Заедничката добивка на овие 20 нотари за лани изнесува 2,15 милиони евра. Тоа е просек повисок од 30 отсто од осварениот приход. Па има ли друга ваква високопрофитабилна дејност?                                                           Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ И ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник

07/11/2026
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ, ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ, ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли

07/11/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ШАЛТЕРИТЕ НА АЛТА БАНКА ВО ТЕТОВО И

07/11/2026
Македонија

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ САМО НА МАКЕДОНСКИ, НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ БЕЗ РЕЦИПРОЦИТЕТ

07/11/2026
Македонија

СОСТАНОК ВО ВЛАДАТА ЗА РЕФОРМСКАТА АГЕНДА Институциите се координираат за

07/11/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ТРЕБА ДА ОДГОВАРА ЗА САБОТАЖА Сака немири во Македонија,

07/11/2026
Македонија

ТРАЈНА Е МИСИЈАТА ЗА ПОМАЛКУ ШАЛТЕРИ, ПОБРЗИ ПОСТАПКИ И ЗА

07/11/2026
Македонија

РАКОВОДИТЕЛКА НА ШТЕДИЛНИЦА ВО КАВАДАРЦИ ПРОНЕВЕРИЛА ПАРИ ОД ШТЕДАЧИТЕ Земала

07/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46650
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ И ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли до 20 степени

07/11/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Во попладневните часови и во

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ, ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ, ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли

07/11/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Во попладневните часови и во

ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ШАЛТЕРИТЕ НА АЛТА БАНКА ВО ТЕТОВО И ВО СТРУМИЦА Во Битола исплатени

07/11/2026

Денеска во филијалата на Алта банка во Битола им беа исплатени средства на 360 граѓани кои имаат платежни сметки во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy