
СЕ ЗГОЛЕМИЛА НЕВРАБОТЕНОСТА: Колку лица се без работа во Германија?
Невработеноста во Германија и во февруари изнесува 5,9 отсто. Невработеноста во Германија и натаму е на највисоко ниво од мај 2021 година.
Бројот на невработени се зголемил за 11.000 месечно на 2,713 милиони. Највисока невработеност традиционално е забележана во Бремен и Берлин, а најниска е во Баварија и Баден-Виртемберг.
Аналитичарите очекуваа дека бројот на невработени во Германија ќе се зголемува за 5.000 месечно, пренесува Блумберг. На годишно ниво бројот на невработени во Германија се зголемил за 119.000.
Германските работодавци планираат да вработуваат помалку.
foto freepik.com/anyaivanova

