Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бојамацалиев: Вечерва или утре ќе стигнат уште 85 илјади обрасци за пасоши
Македонија

Бојамацалиев: Вечерва или утре ќе стигнат уште 85 илјади обрасци за пасоши

29/02/2024

AA

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев од Тетово најави дека вечерва или утре изутрина ќе пристигнат нови 85 илјади обрасци за пасоши.

Според Бојамацалиев системот за издавање патни исправи функционира нормално.

– Како што е информирана македонската јавност, стигнаа 50 илјади, па 20 илјади обрасци пред некое време, пред една недела точно стигнаа 140 илјади обрасци и доцна вечерва или утре сабајле стигаат 85 илјади обрасци.

Ја заокружуваме таа бројка од 300 илјади обрасци што е сосем доволно системот да функционира нормално. Бројките се тие, фактите се тие.

Обрасците стигаат, граѓаните се услужени тука и во Тетово и во Скопје, се функционира како што треба, ниту има саботажа, ниту има хаос.

Бојамацалиев рече дека со старите пасоши нема да може да се патува бидејќи нема да им се дозволи на граѓаните да ја напуштат државата.

– Со старите пасоши не може никаде да се патува бидејќи нема да остварите излез од државата. Бидејќи тие со законот кој е со сила на важење повеќе не се во функција, со старото име зборам.

А со новите секаде може да се патува.

Никој не даде ветување дека законот за продолжување на рокот ќе биде изгласан, затоа нема да се создаде никаков хаос и метеж бидејќи граѓаните знаат дека пред 2021 јули месец веќе се издаваат патни исправи со Република Северна Македонија и беше јасно кажано дека ќе важат до февруари 2024 година, истакна дополнителниот заменик министер за внатрешни работи.

Според него, нема право никој сега да рефундира пари дадени за лични карти и возачки дозволи поради тоа што се распишани изборите. Тоа, подвлече, ќе биде можно кога ќе има нова Влада.

На новинарско прашања дали е вистина дека има државен стан и затоа се залага за закон за нивна продажба, Бојамацалиев објасни дека имал поднесено барање но никогаш не добил.

– Да, јас повикав да се гласа за таков закон, кој повеќе години е заглавен во Собранието. Јас не поседувам таков стан.

Немам потпишано никаков договор, а знам тие алудираат на едно барање кое го има поставено пред две години кое Влада ми одредила, но никогаш не сум потпишал и не сум имал таков стан.

Не се работи лично за мене, се работи за колегите од македонската полиција, истакна Бојмацалиев.

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски беше во работна посета на СВР Тетово.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кошта утре пристигнува на средба со Мицкоски

01/06/2026
Македонија

Маж ѝ истурил хемиско средство во очите на својата партнерка

31/05/2026
Македонија

Приведено лице баранo со судска наредба за криумчарење на мигранти

31/05/2026
Македонија

Алијанса за Албанците стана „Албанска лига“ – Села најави силна

31/05/2026
Македонија

Четири лица уапсени и еден извршен службен разговор по седум

31/05/2026
Македонија

Со тротинет удрил во пешак во Гостивар и избегал!

31/05/2026
Македонија

Филипче: Евроинтеграциите зависат само од власта, уставните измени не се

31/05/2026
Македонија

20 ученици со симптоми на стомачни тегоби: Се испитува дали

31/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43569
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кошта утре пристигнува на средба со Мицкоски

01/06/2026

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, оваа недела започнува нова регионална турнеја низ Западен Балкан посветена на проширувањето на Европската

Маж ѝ истурил хемиско средство во очите на својата партнерка додека биле во автомобил!

31/05/2026

На 30.05.2026 година во СВР Скопје, 37-годишна жена пријавила дека во близина на нејзиното работно место, додека била во возило

Приведено лице баранo со судска наредба за криумчарење на мигранти

31/05/2026

Денеска (31.05.2026) во 15:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, постапувајќи по судска наредба, го

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy