Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Се земало лекови на реверс, Васев вели дека целта била за да не се прекине терапијата на пациентите
Македонија

Се земало лекови на реверс, Васев вели дека целта била за да не се прекине терапијата на пациентите

30/10/2023

AA

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев денеска пред членовите на собраниската Анкетна комисија рече дека биле земани лекови на реверс со цел да не им се прекине терапијата на пациентите.

– Главната намена на реверсот беше да не се прекине биолошката терапија која почнаа да ја земаат пациентите. Значи тендерската постапка за тие лекови веќе беше почната, не е земен реверс без постапка. Постапката беше почната, два три месеци задоцни. Ние не смеевме да го загрозиме животот на пациентите кои веќе почнаа да ја примаат терапијата. Тие лекови значеа живот за нив… Тука се кршат Хипократовата заклетва заедно со заклетва за правна одговорност на Институтот. Не сме земале столици и градежен материјал, сме земале лекови од една фирма, истакна Васев.

Васев, кој беше директор на оваа Клиника од 21 јуни 2017 година до 2 ноември минатата година, рече дека никогаш не му била намерата да креира хаос и дека функцијата директор ја прифатил по долго убедување од министерот за здравство.

Прашан дали во негово време имало информации за лечење со физиолошки раствор и информации за можно продавање терапии и лекови, Васев рече дека тоа што го имале како информации, го пријавиле.

– Да се даде физиолошка терапија место лек … Тој кој го напиша тоа, треба да го докаже и да поднесе одговорност, доколку не е така, рече Васев.

Прашан за тоа кои биле двата пријавени случаи, Васев појасни оти едниот го пријавил самиот, а другиот заедно со економскиот директор.

– Имавме случај, мислам во 2019 година, кражба во дневна болница, кај мене ја пријавија три сестри. Со главната сестра викнавме служби, беше фатено лицето со лекови на излегување по завршување на смена. Случајот по шест месеци, бидејќи не влезе во процедура, лицето беше вратено на работа, но, не беше ставено во дневна болница. Беше ставено да работи на одделение без можност да дојде во контакт со лекови. Истото лице, оваа година, го повтори делото со новото раководство и е отстрането од работа, посочи Васев.

Прашан за стручниот колегиум, тој одговори дека веќе 10 години во институцијата не се одржува.

– Морам да признаам, неуспех ми е што не успеав да ги соберам колегите на едно место, да можат барем еднаш неделно да седнат заедно. Но, тој се одржува постојано кога треба да се прават листи на лекови, рече Васев.

Тој зборуваше и околу исклучувањето на КАТО системот. Според него, идејата за купување не била лоша, но, системот од самиот почеток покажувал знаци на слабост.

На прашањето дали чувствува морална одговорност за тоа што се случувало на Онкологија додека бил медицински директор, Васев рече дека не чувствува морална одговорност.

Одлуката за формирање Анкетна комисија беше донесена на 20 септември, откако по наводите во јавноста за злоупотреба на лекови на оваа Клиника, Јавното обвинителство отвори предистражна постапка. Наводите за злоупотреба на лекови на клиниката, предизвикаа реакции во јавноста и низа протести.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy