Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДОДИК ЗА СПУТНИК: Потребна ни е Голема Србија со Република Српска, Косово и Црна Гора
Регион

ДОДИК ЗА СПУТНИК: Потребна ни е Голема Србија со Република Српска, Косово и Црна Гора

30/10/2023

AA

Српското национално прашање не е решено, потребна ни е некоја нова Голема Србија, вели лидерот на босанските Срби. Кажа дека со распадот на поранешна Југославија сите други народи кои живееле во неа го решиле своето национално прашање, а таа можност, според него, им е ускратена само на Србите.

Ова го откри во интервју кое викендов го даде за руската новинска агенција Спутник, објаснувајќи дека во составот на таа Голема Србија ги гледа и Косово и Република Српска, како и Црна Гора. За изјавата стигна осуда од Министерството за надворешни работи на Црна Гора, но Додик денес на новинарите во Бања Лука им потврди дека останува на своите проекции и заговара формирање некаков вид голема српска држава.

„Српскиот народ има право на своја единствена држава на Балканот“, изјави Додик. 

Вели дека формирањето на Голема Србија по Првата светска војна го спречило само западен заговор предводен од Британија, која тој, заедно со САД, и денес ја гледа како најголем непријател на Србите.

Додаде дека Соединетите Американски Држави денес ги предводат напорите Босна и Херцеговина да се направи унитарна и централизирана држава и изјави дека Република Српска на тоа никогаш нема да се согласи. Според Додик, БиХ поради постојаните внатрешни конфликти ќе се распадне, што отвора можност Република Српска да се придружи на идната голема српска држава.

Инаку, против Додик имаше санкции поради сепаратистичките идеи. Тој со години зборува дека Република Српска ќе се одвои од БиХ. 

Министерството за финансии на САД воведе нови санкции за претседателот на Република Српска Милорад Додик. Велат дека санкции биле наметнати на „прорускиот националистички лидер на босанските Срби“, како и на други поединци и ентитети поврзани со него. САД воведоа санкции против Додик на 5 јануари 2022 година, како и на 17 јули 2017 година, поради попречување на Дејтонскиот мировен договор.

На списокот на министерството се и Горица и Игор Додик, синот и ќерката на претседателот на Република Српска. На списокот се и ресторанот „Агапе“ во сопственост на Горица и Ивана Додик, фирмата „Агровоќе“ која се поврзува со Горица, како и фирмата „Фрут Еко“ која се поврзува со Игор Додик, како и компанијата „Глобал Либерти“ кои се поврзани со Игор и Горица. Велика Британија исто воведе санкции за Додик. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БУНТ ПРОТИВ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА КУМАНОВСКИОТ СУД Вработените се жалат на

22/09/2026
Македонија

УНГАРЕЦ СЕ ОБИДЕЛ НЕЛЕГАЛНО ДА ВНЕСЕ 200.000 ЕВРА ВО МАКЕДОНИЈА

22/09/2026
Македонија

ГРУБИ ЗАКАНИ ЗА ПОДДРЖУВАЧИТЕ НА РУДАРСТВОТО Најавен протест или линч

22/09/2026
Македонија

📷 НАД 100.000 ЕВРА И ЛЕКОВИ ЗАПЛЕНЕТИ ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА

22/09/2026
Македонија

📽️ ОТИШЛА НА НОЌНО КАПЕЊЕ ВО МАРМАРАС, ИМАЛА ЧУДНА СРЕДБА Мислела

22/09/2026
Македонија

ПРОНАЈДЕНА МРТВА ПО ГАСЕЊЕ НА ПОЖАРОТ Женско тело најдено во

22/09/2026
Македонија

МИСТЕРИЈА СО ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПАЦИЕНТ Болницата пријавила пад од кревет,

22/09/2026
Македонија

ДОБРЕ ДОЈДЕ ЕСЕН Златната сезона почнува ноќеска во 2:05 часот

22/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45731
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БУНТ ПРОТИВ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА КУМАНОВСКИОТ СУД Вработените се жалат на мобинг, Синдикатот се заканува со

22/09/2026

Вработени во Основниот суд во Куманово поднесоа претставка до Судскиот совет со која бараат разрешување на претседателката на судот Снежана

УНГАРЕЦ СЕ ОБИДЕЛ НЕЛЕГАЛНО ДА ВНЕСЕ 200.000 ЕВРА ВО МАКЕДОНИЈА Најдени му се при претрес

22/09/2026

На граничниот премин Табановце кaj унгарски државјанин откриени се 200 илјади евра, кои тој се обидел нелегално да ги внесе

ГРУБИ ЗАКАНИ ЗА ПОДДРЖУВАЧИТЕ НА РУДАРСТВОТО Најавен протест или линч во Струмица?

22/09/2026

За четврток (24.09.2026) во 12 часот во Салата за состаноци на Советот на Општина Струмица е најавена јавна расправа за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy