
Се запали во лет: Драматична снимка од авион чиј мотор се запалил
Товарен авион Боинг 747-8 на Atlas Air мораше принудно да слета во Мајами во четвртокот доцна навечер веднаш по полетувањето, откако моторот се запали.
Авионот со пет членови на екипажот се вратил безбедно, а нема повредени, соопштено е, пренесува Ројтерс.
Федералната управа за авијација (FAA) и Националниот одбор за безбедност на транспортот го истражуваат инцидентот.
ФАА соопшти дека инспекцијата по слетувањето покажала дупка со големина на тениско топче над моторот, додека Одборот за безбедност соопшти дека започнува истрага и собира информации за да ја процени и утврди причината.
На видеото објавено на Твитер се гледа како пламен излегува од левото крило на авионот додека летал.
„Екипажот ги следеше сите стандардни процедури и безбедно се врати на меѓународниот аеродром во Мајами“, соопштија од авиокомпанијата.